Македонија
ЕСМ: Лага е дека причина за евентуалното поскапување на струјата се загуби во компанијата
АД ЕСМ остро ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ дека причина за евентуалното зголемување на цената на струјата се загуби на компанијата или неодговорно работење, соопштија од компанијата.
„Производството на електрична енергија е намалено поради кризата со коронавирусот, односно помалата побарувачка на струја на домашниот и странските пазари. Со тоа, намалени се приходите во компанијата, за што особено впечатлив пример е продажбата на електрична енергија“, се наведува во писмената реакција на прес-конференцијата на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека поради неодговорните и неспособни политики на СДСМ, но и криминалните тендери во РЕК Битола, преку кои милиони завршија на сметки на приватни фирми, од септември следува поскапување на цената на струјата.
Од компанијата соопштија дека годинава само еднаш продала електрична енергија за 5 милиони евра, додека минатата година приходите по овој основ изнесувале 22 милиони евра.
„Износот на депозитот за кој зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ е зголемен во споредба со она што беше наследено во АД ЕСМ. Прекината е и праксата да се увезува скапа струја што ја практикуваше лидерот на опозициската партија. Јавните набавки во подружниците на АД ЕСМ се согласно законите на државата, иако и тоа во ВМРО-ДПМНЕ веројатно тешко може да го разберат. Наместо да заговараат бркање од работа на работници под превезот на терминот ‘раководните структури да направат подлабоки резови и оптимализација на работењето’, во ВМРО-ДПМНЕ треба да признаат дека земјава води успешна енергетска политика, а граѓаните сè уште ја плаќаат најниската цена на струјата во Европа и ги користат придобивките од евтината тарифа“, се наведува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

