Македонија
Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари, извори и чешми во Скопје. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сретсело во Чучер Сандево – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли и зголемен број колиформни бактерии.
Исто така, водата за пиење – каптиран извор – чешма со осум шопурки – село Чучер Сандево – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли и зголемен број колиформни бактерии.
Водата за пиење – каптиран извор – чешма во Свети Никита – село Горњане – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Pseudomonas Spp и зголемен број колиформни бактерии. Водата за пиење – каптиран извор – чешма во Свети Николе не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии, како и водата од чешма сретсело во Горњане – општина Чучер Сандево.
Водата за пиење – каптиран извор – стара чешма во село Горњане – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ентерококус, а водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сретсело во Бањани – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли и зголемен број колиформни бактерии.
Понатаму, се додава дека и водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма во дворот на „Свети Илија“ – село Бањани – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии. Водата за пиење – каптиран извор – чешма во дворот на „Свети Илија“ – село Бањани – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Pseudomonas aeruginosa.
Водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма Сељац – село Бањани – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли и зголемен број колиформни бактерии, како и водата од чешмата до рибникот „Дуло“ – село Бањани – општина Чучер Сандево, чешма во Горно Маало – село Мирковци – општина Чучер Сандево. Водата за пиење – каптиран извор – чешма сретсело во Мирковци – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии.
Бактерии се пронајдени и во водата за пиење – каптиран извор – селска чешма долна во село Мирковци – општина Чучер Сандево, кој не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии. Водата за пиење – каптиран извор – чешма – село Мирковци – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии и зголемен вкупен број колонии на 37 Целзиусови степени. Водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сретсело во Бразда – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии. Водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сретсело во Глуво – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли.
„Водата за пиење – дупчен бунар – чешма во двор – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли.
Водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сретсело во Побожје – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли и зголемен број колиформни бактерии. Водата за пиење – каптиран извор – чешма во Горно Маало – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли. Водата за пиење – каптиран извор – чешма Попова – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли.
Водата за пиење – каптиран извор – чешма Усова – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли. Водата од чешмата во црквата – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли. Водата од чешмата во црквата „Свети Архангел“ – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли.
Водата за пиење од јавна чешма во дол – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли. Водата за пиење од чешма сретсело во Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии. Водата за пиење од јавна чешма во дол – село Бразда – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли и зголемен број колиформни бактерии, како и од копан бунар – двор – село Кучевишка Бара – општина Чучер Сандево. Неисправна е и водата за пиење – каптиран извор – кај Чамите – село Боговиње – општина Чучер Сандево, која не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии“, се наведува во соопштението.
Од ЦЈЗ Прилеп известуваат дека бактериолошки и физичко-хемиски се неисправни водите за пиење во следните населени места: с. Сланско – двор, с. Модриште – продавница, с. Самоков – продавница, ОУ во село Д. Манастирец, село Манастирец – продавница, с. Пласница – продавница, ОУ во с. Пласница, с. Преглово – здравствена станица. Додека само бактериолошки се неисправни водите од регионалниот водовод с. Лисичани – двор и ОУ „Браќа Миладиновци“, село Самоков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.
„Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа како медиумите треба да известуваат, особено кога тоа се однесува на чувствителни настани од јавен интерес. Таквите инструкции, иако формално претставени како апели, во суштина се форма на институционален притисок и можна цензура, што е спротивно на основните демократски принципи и правото на слобода на изразување“, велат од ЗНМ.
Потсетуваат дека членот 16 од Уставот гарантира слобода на јавното информирање и забрана на цензурата, а прашањата поврзани со новинарската етика и професионализмот припаѓаат исклучиво на саморегулаторната сфера. За тие прашања постојат Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ, кои се единствено надлежни да оценуваат евентуални повреди на етичките норми.
„Ги повикуваме новинарите и медиумските работници да продолжат да известуваат со професионализам, етика и чувствителност, особено кога се работи за трагични настани и ранливи групи. Но истовремено, укажуваме дека секој обид за институционално ограничување на пристапот до информации и начинот на известување е неприфатлив и штетен по јавниот интерес“, велат од Здружнието.
ЗНМ останува отворено за дијалог со институциите со цел унапредување на транспарентноста и заемната соработка, но цврсто стои во одбрана на уредувачката независност, медиумската слобода и правото на јавноста да биде информирана – како темелни вредности на секое демократско општество.
Македонија
Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарот претставувал опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Пациентите и персоналот веднаш биле евакуирани, безбедно изнесени надвор од кругот на болницата.
ЦУК под водство на директорот Мухамед Али, побарал дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) и координирал со Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи (МВР). Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушната поддршка, која дејствувала во општина Чучер Сандево – Блаце, за да помогне во гаснењето на пожарот во Бардовци.
Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце, општина Чучер Сандево.
На лице место, заедно со директорот на ЦУК, Мухамед Али, беше и директорот на болницата, Иса Абдулаи, кои ја координираа целата акција.
Македонија
Хеликоптер го гасне пожарот кај Блаце

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е веќе вклучен во акцијата за гаснење на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце.
Пожарот избил на потегот пред тунелот, од десната страна на коловозот. Зафатил тежок и непристапен терен, па по дојава на бројот за итни случаи 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побарал воздухопловна поддршка. Хеликоптерската единица бргу се активирала, а акцијата на терен се координира заедно со припадници на противпожарните служби и други надлежни институции.