Македонија
Жителите на Сарај ги предаваат старите печки на дрва и нафта

Во општина Сарај почна големата еколошка акција на Град Скопје и Владата за предавање старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето. Жителите на општината Сарај кои аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје денеска имаат можност да ги предадат своите стари печки на дрва, нафта и други нееколошки енергенси, во дворот на средното училиште „Сарај“. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот, а ќе продолжи и утре. Пунктот за предавање печки во средното училиште „Сарај’ денеска го посетија Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.
„Денеска се наоѓаме во општината Сарај, на една од локациите каде граѓаните ги доставуваат старите и нееколошки печки кои веќе ги замениле со енергетски ефикасните инвертер клими. Само од оваа општина пристигнати се околу 160 апликации, што значи ќе имаме 160 оџаци помалку кои ќе го загадуваат воздухот. До привременото запирање на повикот во Град Скопје се пристигнати околу 4.060 апликации. Правиме пресек на процесот на субвенционирање и заради транспарентност на реализацијата на повикот и заради подобро информирање на граѓаните за суштината на овој повик и очекуваните резултати“, рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.
Шилегов напомена дека во наредните две години согласно условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Јавните прашања за Али Ахмети сè уште неодговорени!

„Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети, засрамена од поразот што ги очекува на 19 октомври, веќе се договори со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата на Апасиев. Ова е најголемото демаскирање по 20 години ветувања за интеграција, денес тие стануваат партнери со Левица само за парче власт“, велат од „Влен“.
„Али Ахмети сè уште ѝ должи на јавноста одговори на јавните прашања: Зошто го толериравте градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен? Зошто продолжувате да ги заштитувате луѓето прогласени за „нон грата“ од САД за корупција? Кога беше вашата последна средба со кој било релевантен меѓународен фактор?
Светот веќе знае кој е ДУИ. Само овие, со методите на оној што избега од правдата за корупција, мислат дека сè уште можат да ги измамат Албанците. Но, на 19 октомври, одговорот ќе биде јасен и заслужен“, соопштува „Влен“.
Македонија
Улица во Кисела Вода денес без струја

Корисниците на улицата Кумановска во општина Кисела Вода денес ќе останат без електрична енергија во периодот од 12:00 до 15:00 часот, информираат од ЕВН Македонија АД.
Прекинот е најавен поради технички зафати на дистрибутивната мрежа.
Македонија
Денес сончево и топло, од четврток промена на времето

Утрото ќе биде ведро и посвежо, а преку денот се очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 27 до 33.
Во Скопје ќе преовладува сончево време, со утринска температура до 12 и дневна до 33 степени, информира УХМР.
До среда ќе се задржи стабилно и топло време. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со локални врнежи. Во петок се очекуваат и гремежи, како и умерен до засилен југоисточен ветер.
Температурите ќе бидат во постепено опаѓање, особено за време на викендот.