Македонија
Жител на Демир Капија обвинет за ширење омраза кон припадници на маргинализирана група
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.
Делото било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

