Македонија
Заев: Безбедноста со членството во НАТО е основа за дополнителен економски раст
На Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ денеска се одржа последната од низата трибини на НАТО-карванот, на која дебатираа претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, и амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп.
На дебатата со студентите премиерот Заев и амбасадорот Јан Коп се осврнаа на придобивките од нашето членство во НАТО како полноправна членка на најмоќниот воен сојуз во светот.
Премиерот Заев даде посебен осврт на економските придобивки. Економскиот раст зависи во голема мера од способноста на земјата да обезбеди одржлив мир и стабилност, односно долгорочната безбедност и политичка стабилност.
„Безбедноста и стабилноста на земјата се основа за економски раст и развој. Тоа влијае и врз подобрување на кредитниот рејтинг на земјата и зголемување на домашните и странските инвестиции, кои отворат нови работни места, раст на извозот и трговијата и побрз економски раст. Со тоа нашата економија е конкурентна на големиот европски пазар, кој претставува најголем трговски партнер на Северна Македонија и во која поголем број се членки на НАТО“, истакна Заев.
На дебатата премиерот рече и дека добил цврсти уверувања од премиерот на Шпанија, Педро Санчез, дека ратификацијата од нивна страна ќе биде завршена набргу и со тоа ќе се официјализира нашето полноправно членство.
Амбасадорот Дирк Јан Коп се осврна на практичните придобивки и стабилноста што произлегува од членството. Тој, меѓу другото, рече и дека за него е огромно задоволство да дебатира со студентите, кои очекува за 20 години да ја водат Северна Македонија како лидери, но и како земја членка на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

