Македонија
Заев: Верувам дека срцето на Макрон ќе омекне

Јас верувам дека ќе омекне срцето на претседателот Емануел Макрон, ги разбирам отворените внатрешни дебати во Франција, таа е голем пријател. Ако Германија, Франција, Италија, Британија, Австрија и другите земји одат напред, тогаш и Европа ќе се движи напред, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговори, со оглед на воздржаноста од страна на Франција?
Заев се надева на позитивна одлука и вели дека е оптимист дека Европа нема да пропушти шанса да ја поддржи Македонија.
„Јас се надевам на позитивна одлука, која што во најмала рака секако ќе ја дефинира потврдата на препораката за почнување на преговори, почеток на скенирањето на целиот овој процес, ќе дефинира подготвеност за одржување на Меѓувладините седници од кои што секако произлегува и датумот за преговори. Јас сум оптимист, знам дека Европа нема да пропушти да ја охрабри и поддржи Македонија, и сите нејзини граѓани, за тоа што го прават сите овие години“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица се чека 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија на ГП Табановце за влез се чека од 15 – 30 минути. На ГП Богородица за излез околу 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ=8
Во Скопје сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 36 степени.
Македонија
Сончево и многу топло време, температурата ќе достигне до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност., информираат од УХМР.
Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8
Во Скопје и во околината сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.
До четврток ќе се задржи многу топло време, но во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер.
Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер кога се очекува опаѓање на дневните температури.