Македонија
Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните во сите земји од нашиот регион. Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан, напиша премиерот Зоран Заев на својот профил на „Фејсбук“ по вчерашниот состанок на лидерите од регионот.
„Слободно движење на граѓаните во земјите од регионот само со лични карти; Ефикасни гранични премини каде што контролите работат 24/7 и брза лента за најмало можно чекање на камионите што пренесуваат стоки и производи; Постигнување рамка за признавање професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите; Засилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион, без дополнителни нострификации; Зајакнување на полициската соработка за прекугранична борба против криминал, тероризам, нелегална миграција и итни ситуации; Развивање заедничка платформа за заедничка инвестициска понуди“, напиша Заев.
Иницијативата ја промовираа лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија, Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ. На средбата беше истакнато дека мерките не значат отстапување од европските интеграции, туку заложби за заеднички ангажман за олеснување на сите гранични процедури, со цел овозможување олеснет проток на капитал, стоки, услуги и движење на луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Намалена видливост поради магла на Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на патниот правец Тетово-Попова Шапка од 10-20 метри, на Стража 50-80 м, на Ѓавато,Плетвар и Пресека видливоста е до 100 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Царовска, Филипче и Сугарески ги сослушаа барањата на родителите на деца со попреченост

Министрите за труд и социјална политика, за здравство и за транспорт и врски, Мила Царовска, Венко Филипче и Горан Сугарески во Владата се сретнаа со претставници на родителите на деца со попреченост со кои разговараа за нивните проблеми и барања.
Тројцата министри им најавија дека наредниот период ќе работат на законски измени и правилници со коишто ќе ги опфатат нивните иницијативи и барања, меѓу коишто се зголемување на правото за попреченост, намалување на старосната граница за користење на персоналната асистенција, ослободување од партиципација на лицата со попреченост над 26 години и можноста за користење на лесно пристапни социјални станови. Во делот на барањата се и добивање на натстандардни ортопедските помагала, за што министерот Филипче најави дека во тек се законски измени.
„Владата посветено работи на подобрување на условите за живот на сите лица со попреченост во државата. Минатата годината посебниот додаток за деца со попреченост беше зголемен за 15%, надоместокот за скратено работно време е покачен до 50% од просечна плата, проширено е правото на користење на додатокот за попреченост и за лицата со интелектуална попреченост. Со Закон за социјална заштита, родителот кој се грижи за своето дете до неговата 26 година без да биде институционализиранo и кој е невработен и не користи старосна пензија, има право на пензија. Ова право жените го остваруваат на 62 години, а мажите на 64 години возраст. Исто така, воведени се две целосно нови услуги – персонална асистенција и помош во домот“, се вели во соопштението.
Македонија
Адеми: Интеграцијата во образованието е предуслов за мултиетничко општество

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, учествуваше на настанот за доделување признание на наставниците на средните училишта на Град Скопје, кои преку својата волонтерска работа, минатата година беа директно вклучени во проектот за реализација на заеднички часови меѓу учениците кои учаат на албански и македонски јазик.
Оченувајќи ја интеграцијата во образованието како многу важен фактор во напорите за градење мултиетничко општество и мулчтиетничка држава, министерот Адеми рече дека за неколку години, МОН ги поддржува училиштата и логистички и финансиски да организираат активности што промовираат соработка меѓу младите луѓе од различни етнички заедници.
„Преку ваквите активности, а особено заедничките часови во редовната настава, кај учениците се губи стравот од непознатото и се намалуваат предрасудите. Тоа е основен предуслов за младите да се среќаваат почесто, да учат, да работат заедно и да креираат пријателства“, рече Адеми.
При креирањето на образовните политики и практики, додаде министерот, неретко институциите се соочуваат со ситуации во коишто треба да се донесат храбри, но вистински одлуки. Токму таква, според Адеми, беше и оваа одлука, односно активност за одржување на заеднички часови во редовната настава со ученици кои учат на различни наставни јазици, којашто се направи внимателно и заедно со сите чинители, за ефектот да биде најдобар.
„Знаеме дека промените не се случуваат лесно и дека за успех се потребни мотивација, упорност и истрајност. Но, нашата иднина зависи од заложбата за позитивни промени кај сегашните и идните генерации“. „Токму затоа, како што изјави министеот МОН, со сите свои капачитети е фокусирана кон инвестирањето во квалитетно образование и кон негување на хармонични односи кои се темелат на почитување на сите различности“.
Министерство за образование и наука
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци