Македонија
Заев денеска ќе отстапи од функцијата премиер
Премиерот Зоран Заев денеска во парламентот треба да поднесе оставка од функцијата, веднаш по завршувањето на традиционалното годишно обраќање пред пратениците на претседателот Стево Пендаровски.
По поразот на локалните избори, Заев најави дека ќе се повлече од сите функции, а веќе даде оставка од лидерската позиција во СДСМ, каде што го замени Димитар Ковачевски, кој треба да биде и мандатар за новата влада.
Пендаровски, по оставката на Заев, треба да му додели мандат на новиот мандатар.
Во согласност со Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието.
Мандаторот во рок од 20 дена од денот на добивањето на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Последната работна посета на Заев како премиер беше вчера во Тирана на самитот на иницијативата „Отворен Балкан“.
Таму посочи дека кога ЕУ потфрла, обврска на регионот е самиот да се европеизира.
„Кога ЕУ потфрла, ние имаме обврска постојано и постојано да преземаме иницијативи што го европеизираат регионот и кои носат подобар, европски живот за нашите народи. Се разбира, сите три земји остануваат посветени на своите одделни агенди и обврски за пристапување во членство во Европската Унија“, истакна Заев на вчерашната заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и со албанскиот премиер Еди Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

