Македонија
Заев: Деновиве ќе знаеме дали ќе се оди на избори или ќе има договор со опозицијата

Во следниве неколку дена очекуваме да се знае дали постои можност за договор со опозицијата за остварување двотретинското мнозинство во Парламентот, кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Законодавниот дом кои произлегуваат од договорот со Грција или, пак, ќе треба да се оди на предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот Зоран Заев за време на својата посета на ФИНКИ, каде што се одржа свечениот час за новозапишаните студенти.
Денеска е ден за сублимирање на сите анализи и податоци, и веќе утре најверојатно ќе почнат разговорите, додаде премиерот во својата изјава.
Според него, постои капацитет за одржување предвремени парламентарни избори кои се последна опција доколку не се дојде до договор. Доколку дојде до избори, тие според него ќе се случат многу брзо. Заев во својата синоќешна изјава а и денеска уште еднаш посочи дека постои можност доколку се дојде до избори тие да се организираат до крајот на ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајна несреќа на патниот правец Кавадарци – Прилеп, сообраќајот во прекин

АМСМ информира дека сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Прилеп е во прекин.
Од таму велат дека прекинот е поради сообраќајна незгода.
Прекинот ќе трае до завршување на увидот.
Македонија
СВР Битола апелира до граѓаните да не палат стрништа и земјоделски површини

Битолската полиција апелира до граѓаните на подрачјето Битола да не се пали оган на отворен простор откако деновиве настанаа неколку пожари како последица од намерно запалени стрништа.
-Апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се палат стрништа, земјоделски површини, отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку граѓаните забележат пожар на отворен простор најбрзо што може да го пријават во надлежните институции, апелираат од СВР Битола.
Македонија
Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O’Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.
На средбата се разговараше за текот и за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот. Соговорниците се согласија дека е потребно да се одржи фокусот на реформите, како и подготвеноста за водење на преговорите со Европската Унија.
На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, при што претседателот Пендаровски се заблагодари на американската поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ како стратешка определба на македонското општество.