Македонија
Заев за смртта на Георгиевски: Неговите таленти се врежани во меморијата на Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до семејството на поранешниот претседател на Собранието, режисер и амбасадор Љубиша Георгиевски.
„Почитувано семејство Георгиевски, дозволете ми да изразам сочувство на вашето семејство за загубата на поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, еден од најистакнатите македонски театарски и филмски режисери, истакнат дипломат и професор, Љубиша Георгиевски. Неговата страствена посветеност на целокупниот општествен развој на Република Македонија ја издигна неговата специфичност до неповторлива препознатливост на театарската сцена, а посветеноста на политичките текови до претседател на Собранието на Република Македонија и амбасадор на Република Македонија. Практикувањето на неговите сестрани таленти, кои несомнено го врежаа до нивото на незаборавност во поновата историја на Република Македонија, се неговата бесмртност во севкупната културна и политичка меморија во Република Македонија. Дозволете ми уште еднаш да го изразам моето сочувство на вашето семејство, преку овие зборови кои се надевам дека ќе ви претставуваат утеха во деновите на жал“, вели Заев во телеграмата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто.
По општини:
– Врапчиште: 31,76 %
– Гостивар: 28,22 %
– Маврово и Ростуше: 28,04 %
– Центар Жупа: 13,18 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.
На избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.

