Македонија
Заев: Куманово е вистинско олицетворение на Европската Унија
Последните две и пол години нема дилеми ниту дома ниту надвор, дека наштата татковина е на вистинскиот, на правиот пат, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на почеток на денешната граѓанска трибина во Куманово „На прав пат“.
Тоа е патот на напредокот, на сигурноста, стабилноста, патот на повисоки плати, на членство во ЕУ и НАТО, додаде Заев.
„Да кажуваш дека си на прав пат, а да не дојдеш во Куманово, си го згрешил патот. Кумановци биле и ќе останат на вистинскиот пат. Тоа значи дека сме сопатници, на ист правец, на ист пат, а Куманово е вистинско олицетворение на Европската Унија. Како што ЕУ е збир на земји со различни особености, така и Куманово е град – конгломерат во кој се испреплетуваат различни етникуми, вери, култури и јазици. Затоа Куманово, е град полн со дух и позитивна енергија“, додаде претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Во обраќањето на трибината, тој истакна дека Владата предводена од СДСМ ја исправи децениската неправда кон Куманово и граѓаните на овој град, кои биле целосно заборавени и значително инвестирала и реализирала повеќе проекти во интерес на граѓаните.
„Како Влада даваме огромна поддршка на Куманово и неговите граѓани. Денес, над 60 милиони евра се инвестираат во патната и комуналната инфраструктура во Куманово. Автопатот Миладиновци – Куамново е рехабилитиран во должина од 23 километри. Рехбилитиран е регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Дел од регионални патишта 40 години не биле рехабилитирани“, рече Заев.
„Отворивме и пуштивме во употреба нов современ Ургентен центар кој пружа здравствени услуги за кумановци но и за целиот овој регион. Адаптиран е простор во Пионерски дом за детска градинка. Веќе наредната недела ќе пуштиме во употреба две спортски сали, а се гради и Технолошката развојна индустриска зона. Инвестираме и во железницата преку реконструкција на пругата Куманово – Бељаковце“, додаде претседателот на СДСМ.
Заев им се обрати и на младите, презентирајќи ги проектите кои обезбедуваат шанса за младите луѓе.
„Правиме се, Куманово да биде град на можности, град од кои младите нема да се иселуваат, туку тука ќе ја развиваат својата кариера и својата иднина. Преку Фондот за иновации поддржани проекти во вкупна вредност од над 300.000 евра. 13 проекти се поддржани преку ИПАРД во вредност од над 4,2 милиони денари. Преку мерката млад земјоделец, млади земјоделци од овој регион добија неповратни средства во висина од 10.000 евра. Да, грижата за младите е прав пат“, порача Заев пред граѓаните на Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

