Контакт

Македонија

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Објавено пред

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за новинарите по завршувањето на седницата на Централниот одбор на владејачката партија.

„Веруваме во презумпцијата на невиност и веруваме во исправноста на независност со силата на аргументите да се докажуваат постапките за можен криминал на секој кој евентуално се огрешил пред законот. Верувам дека тоа се исправни чекори. Вакви случаи се мачнина и тешкотија за сите во општеството, но истовремено се предизвик“, рече Заев алудирајќи на притворот за Катица Јанева и случајот „Рекет“.

Тој изрази увереност дека Северна Македонија и граѓаните ќе излезат како победници и порача дека секој што се огрешил пред законот треба да одговара.

Македонија

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Објавено пред

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица беше одложено поради отсуство на еден од обвинетите кој не можел да присуствува на судењето поради оперативен зафат. Следното рочиште е закажано за октомври.

Првото рочиште за овој случај се одржа пред две недели. За тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот обвинети се сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари, кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер, порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, исто така и Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски.

Обвинителот Дарко Јакимовски во воведните зборови рече дека судиите ќе судат за катастрофалните последици, кои можело и морало да бидат избегнати.

„Дејствата на овие обвинети се во директна врска со настапената последица, која резултира со смрт на 16 лица, патници во автобусот, а 38 лица добија телесни и тешки телесни последици. Не постои криминален ребус што не може да се одгатне. Овој настан е кумулација на голем број пропусти што не настанле спонатно“, рече Јакимовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Минатата недела казнети 272 возачи за непрописно паркирање во Општина Центар

Објавено пред

Во текот на минатата недела санкционирани се 272 возачи за непрописно паркирање на територија на Општина Центар.

Во периодот од 10 до 15 септември, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 157 непрописно паркирани возила, од кои осум паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 115 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од ЈП ПОЦ наведуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби во десетдневна посета на САД

Објавено пред

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, од денеска до 26 септември е во работна посета на САД.

Во рамките на посетата, која е во организација на Републикански институт (ИРИ), Стејт Департментот и Институтот за претставување на Владата (ИПГ) во САД, Груби ќе учествува на Форумот за подобрување на транспаретноста и борбата против корупцијата.

Исто така, Груби ќе оствари и билатерални средби со конгресмени и претставници на Владата на САД, на кои ќе се разговара околу американската поддршка на нашите евроатлантски процеси, политичката состојба, како и за актуелните реформи во областа на правосудството и борбата против корупцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, погинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија10 минути

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица беше одложено...

Економија17 минути

Холандија: Бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион27 минути

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ32 минути

Поднесено обвинение за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката која ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет1 час

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет1 час

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион12 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион14 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија15 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија20 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија21 час

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет22 часа

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија23 часа

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа24 часа

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура1 ден

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија2 дена

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт2 дена

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа2 дена

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Досие