Македонија
Заев: Од една страна сме јас, Радмила и НАТО, а од другата Дурловски, Мицкоски и насилството во Собранието
Враќање на Дурловски во Собранието би било враќање на местото на злосторството, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“ во Струга.
Според него, новите кадри на Мицкоски се под целосна контрола на, како што рече, избеганиот криминалец во Будимпешта и нив им се важни само парите и голата борба за власт.
„Кај нивниот носител во оваа изборна единица, Дурловски, има само национализам, омраза, нема П од политика, нема П од патриотизам, ама има П од пари. Има разлика меѓу нас и нив. Покажавме на дело, а тоа што е на дело е реткост во нашата Македонија. Сите знаеме дека можеме и повеќе и подобро. Тоа е патот по кој треба да одиме. Ние сме единствена власт која знаеше да признае грешки и да се повлече чекор назад. Денеска е слобода и секој може да си го каже своето мислење. Сега граѓаните делегираат одговорност. На здравствено безбедни избори да излеземе сите и да одредиме правец и иднина на нашата земја. Тоа е одговорност пред нашите деца“, посочи Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

