Македонија
Заев: Отворените врати во ЦЕРН се од исклучително значење за научниците од земјава
Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Европската организација за нуклеарни истражувања, популарно позната по кратенката ЦЕРН. Делегацијата, предводена од проф. д-р Кристоф Шафер и д-р Тадеуш Куртика, високи советник во Одделението за меѓународни односи на ЦЕРН, во придружба на министерката за наука на Црна Гора, Сања Дамјановиќ, е во посета на земјава за да се направат последните подготовки за обнова и потпишување на Договорот за меѓународна соработка меѓу Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) и Владата.
На Заев денеска му беше упатена покана да го посети ЦЕРН и во Женева, Швајцарија, каде што ќе се одржи церемонијата на потпишувањето на обновениот договор, кој за нашата земја го обезбедува континуитетот на учеството на наши научници и студенти во многубројните проекти од врвно значење за науката и технологијата.
Заев со задоволство ја прифати поканата и додаде дека оваа соработка на нашата земја со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) е од огромно значење за научната и академската јавност во земјава и од огромно искуство за 22 студенти од нашата земја кои досега биле корисници на програмите на ЦЕРН.
Министерката за наука на Црна Гора и член на Надзорниот одбор на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST), Сања Дамјановиќ, на средбата изрази благодарност на подготвеноста на Владата да ја поддржат иницијативата научни работници од нашата земја да учествуваат во проектот Хадронска терапија на ракот и биомедицински истражувања со протони и тешки јони (Hadron Cancer Therapy and Biomedical Research with Protons and Heavy Ions), како проект на земјите членки на Институтот (SEEIIST) во кој членува и земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

