Македонија
Заев се сретна со државниот секретар на МНР на Финска, Антонен: Поддршка за успех на Македонија на процесот што води кон ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска се сретна со државниот секретар во МНР на Република Финска, Мати Антонен. Државниот секретар Антонен пренесе поздрави од владата во Финска за добрите односи помеѓу двете земји и ѝ посака успех на Македонија во следните денови во процесот во парламентот кој води по избраниот пат за остварување на стратешките цели – Европската Унија и НАТО.
На средбата се нагласени како важни добрососедските односи што водат кон напредок на државите за што државниот секретар Антонен и премиерот Заев споделија искуства.
„Фокусирани сме, низ инклузивен и конструктивен процес во парламентот, да ја водиме постапката за промена на Уставот на Република Македонија како дел од договорот од Преспа и со тоа да го обезбедиме членството на нашата земја во ЕУ и НАТО. Тоа ќе значи осигурена стабилност и безбедност за нашата држава и можности за развој на економијата и повисок животен стандард“, рече премиерот Заев.
Заев објасни дека Владата е насочена и кон спроведување на потребните реформи, што ќе овозможат подобар живот за граѓаните во својата земја, а се потребни и за пристапните преговори на Македонија кон ЕУ.
Во таа насока државниот секретар Антонен изрази поддршка на реформскиот процес додавајќи дека заокружувањето на реформите во фаза на очекување на почетокот на отворањето на претпристапните преговори со ЕУ се олеснување за државата бидејќи ефикасното затворање на потребните поглавја во процесот го скратува патот до полноправно членство.
На средбата споделија искуства и за функционирањето на областите значајни за секојдневниот живот на граѓаните и за напредокот на државата. Се разговараше за значењето на вложувањата во добро образование од рана возраст, за обезбедување подобра компетитивност при вработувањето и на компаниите. Државниот секретар Мати Антонен го сподели искуството на Финска во областа на енергетската ефикасност нагласувајќи дека 40 отсто од енергијата во Финска се произведува преку обновливи ресурси, со амбиција за понатамошен раст на оваа стапка. Премиерот Заев посочи дека и еден од приоритетите на Владата на Република Македонија со новиот Закон за енергетиката е да се подобри значително енергетската независност и ефикасност на државата. Се разговара и за начините за постигнување ефикасен здравствен систем.
Претседателот на Владата, Зоран Заев, преку државниот секретар во МНР на Република Финска, Мати Антонен, се заблагодари на Владата на Република Финска и на граѓаните на државата за континуираната конструктивна поддршка на нашата земја во сите важни развојни и демократски процеси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Мицкоски е скапо платен спроведувач на интересите на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава заложник на туѓи интереси, кажа претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево.
Тој рече дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.
„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.
Тој обвини дека Мицкоски со новите задолжувања направил вистинско предавство на интересите на државата.
„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.
Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче рече дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.
Македонија
(Видео) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање рече дека кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон.
„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.
Оценувајќи ги меѓупартиските релации, тој во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.
„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.
Македонија
Мицкоски: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок, најави премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.
„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба , туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.
Тој истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.
„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.