Македонија
Заев: Сите вакцини се здрави, ќе ја примам онаа што ќе ја имаме на располагање
Премиерот Зоран Заев, денеска, заедно со министерот Венко Филипче, ја пречека новата пратка вакцини, која стигна како донација од Србија.
Како што претходно соопшти Владата, станува збор за 20.000 дози од руската вакцина „спутник В“, а по неа ќе следува уште една пратка од 20.000 дози.
Во оваа пригода Заев истакна дека и тој се пријавил за вакцинација, па, како што рече, кога ќе му дојде редот, ќе се вакцинира со онаа што во тој момент ќе биде на располагање.
„Се пријавив за вакцинација, па која вакцина ќе дојде на ред за мене, со таа ќе се вакцинирам. За мене, сите вакцини се во ред“, истакна премиерот.
Тој ги повика и граѓание да го сторат тоа.
„Вакцината е здрава, сите вакцини се здрави. Колку побргу заврши процесот на вакцинација, толку побргу ќе заврши оваа битка со пандемијата“, рече Заев.
Тој исто така ја увери јавноста дека ниту еден министер во Владата нема примено вакцина против Ковид-19.
„Најодговорно тврдам, ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство, кој е здравствен работник, се нема вакцинирано. Го чекаме нашиот ред, според планот за имунизација на населението“, нагласи премиерот.
Инаку, денешната пратка е втората донација на вакцини што пристигнуваат од соседна Србија. Првата донација, која впрочем беше и првата пратка вакцини што пристигна во земјата, беа 8 илјади дози од американската вакцина на „Фајзер“, со коiа се вакцинираа здравствените работници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

