Контакт

Македонија

Заев-Фишер: Европа да ја награди Северна Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици

Објавено пред

Европа треба да ја награди Северна Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици. Ваков бил заклучокот од средбата што денеска во Виена ја оствариле претседателот на Владата, Зоран Заев и поранешниот претседател на Австрија, Хајнц Фишер.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата, премиерот Заев го информирал поранешниот претседател на Република Австрија, Фишер за последните политички случувања во земјата, односно успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.

Истовремено, на средбата била потврдена поддршката којашто Република Австрија во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија. И таа поддршка, како што било посочено на средбата, нема да изостане сe додека Северна Македонија не стане полноправна членка на ЕУ.

„Северна Македонија за кратко време стана модел, пример како се решаваат дури и најтешките билатерални прашања и затоа Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја“, истакнал премиерот Заев на средбата со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Потпишан етичкиот Кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

Објавено пред

На седница на Владата денеска беше потпишан Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, беше назначен за следење и спроведување на новиот Кодекс.

Како што беше посочено на седницата, Кодексот не ги опфаќа само членовите на Владата, министрите, туку и сите други функционери назначени од Владата. Тоа ќе важи и за директорите на самостојни органи, директори и членови на одбори на јавни претпријатија, раководни лица во акционерски друштва во државна сопственост. Основната намена на Кодексот е обезбедување на отчетно и транспарентно работење на функционерите на извршната власт, односно градење на систем на интегритет и добро владеење.

Премиерот Зоран Заев изјави дека обврзувањето на Кодексот значи почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста и транспарентноста на Владата и на сите владини институции.

„Потписот е нашата согласност дека ги прифаќаме сите највисоки етички принципи за заштитата на човековите слободи и права, при вршење на нашите функции и должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори, ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија“, истакна Заев.

Со донесувањето на новиот Кодекс за етичко однесување, рече Заев, исполнета е и препораката на ГРЕКО за практично спроведување на Кодексот и Насоките преку посебен механизам, воведување на мерки за санкции и започнување на системско подигање на свеста за добро управување на лицата кои вршат највисоки извршни функции.

Николовски, кој беше именуван за одговорен за следење на спроведување на Кодексот, денеска на свеченоста се заблагодари за довербата.

Тој говореше за обврските за носителите на јавните функции. Една од нив е доставување на извештаи за службените трошоци на секои шест месеци. Овие извештаи ќе продолжат да се објавуваат на владината Алатка за отчетност, која ќе биде надградена за да ги опфати сите функционери именувани од Владата.

Понатаму,  функционерите треба да ги објават сите податоци за својата работа и работата на својата институција на веб-страницата. Односно, сите извештаи за работење, планови за работа, ревизорски извештаи, списоци на вработени, завршни сметки, т.е. сè што е од интерес за граѓаните кога станува збор за работењето на институциите финансирани од буџетот. Доколку не го сторат ова, тие ќе одговараат не само согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, туку и пред Владата.

Кодексот предвидува и обврска за функционерите да имаат јавно објавен записник за средбите кои ги имаат со лоби организации и ќе бидат обврзани да го пријават секој сомнеж дека се во состојба на конфликт на интереси, и да побараат препораки.

Заедно со Николовски, спроведувањето на Кодексот, дополнително ќе го врши национален координатор за одговорно владеење и транспарентност.

Во случај на непочитување на одредбите од Кодексот, претседателот на Владата може изрази несогласување, односно официјална критика за однесувањето на лицето кое не го почитувало овој Кодекс и укажување да го поправи однесувањето при што истото може и јавно да се објави; политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување и/или покренување на иницијатива за информирање на надлежни институции.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворен првиот Велоштад во Скопје

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, го отворија првиот плоштад за велосипеди во Скопје – Велоштад, кој произлезе како резултат на спроведената ревизија на велосипедски политики која Град Скопје ја спроведе со целосна поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка(ГИЗ).

„ Имам големо задоволство да го отвориме првиот Велоштад-плоштад за велосипеди во нашиот град, овде кај Железничката станица, локација којашто заедно со Скопје Лаб од 11 понудени ја избраа токму велосипедистите. Овде отвораме за првпат место каде што велосипедите ќе бидат безбедни и ќе може велосипедистите да ги остават тука и да продолжат да користат јавен транспорт или воз и да можат безбедно да се вратат со велосипед со што овозможуваме комбинирање на урбаното движење во нашиот град. Овој прекрасен мурал зад нас е изработен со целосна поддршка на Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во РСМ и токму заради тоа амбасадорот Дејвид Гер е денеска тука со нас на пуштањето во употреба на овој нов функционален простор за скопските велосипедисти. Сервисната станица која е поставена тука ја добивме од нашите долгогодишни вело партнери од Стопанска Банка“ – рече Шилегов.

Тој додаде дека ова е реализација на идејата да се примени принципот на мултимодалност во велосипедските политики со кои им се им се нуди можноста безбедно да ги паркираат своите велосипеди кај Транспортниот центар од каде што ќе можат да продолжат да користат воз, меѓуградски автобус или некој од градските и приградските автобуси на ЈСП Скопје.

Велоштадот покрај држачите за безбеден паркинг на велосипеди и сервисна станица за велосипеди, опфаќа и гардеробер за брзо пресоблекување, кабини за долготрајно паркирање на велосипедите, фонтана за вода за пиење и соодветна урбана опрема која дополнително го хуманизира овој простор.

Преку своите јавни претпријатија Градот Скопје се вклучи и во дополнително уредување на овој простор за да се добие една функционална целина која ќе биде и естетски убава и доволно привлечна за граѓаните за тие да го минуваат своето време тука.

Град Скопје и понатаму посветено да ја гради својата мрежа на вело патеки, во континуитет се поставуваат паркиралишта за велосипеди на различни локации во градот, и продолжува да вложува во одржливата урбана мобилност и на тој начин се грижи за животната средина во нашиот град.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи на средба на бугарскиот пратеник Ковачев: „Градиме мостови на соработка за заеднички успех“

Објавено пред

Во рамките на дводневната посета на Брисел, министерот Бујар Османи, се сретна и со европратеникот Андреј Ковачев, кој воедно е член на АФЕТ и потпретседател на ЕНП.

Османи на разговорот посочи дека Република Северна Македонија е целосно посветена на унапредување на добрососедските односи со Бугарија преку имплементација на сите одредби на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка врз основа на меѓусебно почитување.

„Нашата политика е во насока на градење на пријателство и на линија на негување на европските вредности“, истакна Османи.

На средбата беа реафирмирани позициите на нашата земја дека со Република Бугарија беше започнат еден исклучително важен и сложен процес на заедничко растење. Османи посочи дека влогот е голем од двете страни и очекувањето е дека ќе надвладее меѓусебното разбирање и ќе се продолжи по патот на зближување и градење партнерство, низ заемно почитување, како две соседни европски држави.

„Република Бугарија и досега ги подржувала европските интеграции на Република Северна Македонија и очекуваме оваа поддршка да продолжи и во иднина. За нас беше од исклучителна важност бугарското претседавање со Советот на ЕУ во 2018 година, кога проширувањето на ЕУ повторно се врати како приоритет на агендата на Европската унија, затоа континуитетот на оваа успешна и заедничка приказна мора да продолжи со усвојување на Преговарачката рамка и одржување на Првата Меѓувладина Конференција со ЕУ“, додаде Османи.

На средбата стана збор и за заедничкото претседавање со Берлинскиот процес при што беше подвлечено дека со нашиот сосед негуваме професионална и плодна соработка во менаџирањето на агендата на заедничкото претседавање со Берлински процес, и тоа во услови на пандемија. Тоа јасно покажува дека можеме да практикуваме партнерски однос и негуваме европски пристап во меѓусебната комуникација и функционирање. Ко-претседавањето на Бугарија и Северна Македонија со Берлинскиот процес, односно помеѓу земја членка на ЕУ и земја кандидат, ќе биде пример и образец за продлабочување и на европската соработка и иднина на регионот.

Соговорниците заклучија дека Мултидисциплинарната заедничка комисија за историски и образовни прашања треба да ја продолжи својата работа во насока на постигнување на напредок.

„Градиме мостови на соработка кои водат кон зголемена доверба и заеднички успех. Тоа е и целта на Договорот меѓу двете земји, на рамката која ја имаме усогласено – за историските прашања да разговараат експертските комисии, а истовремено да обезбедиме непречена политичка, економска, културана и општествена соработка“, заклучи Османи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

(Видео) Потпишан етичкиот Кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет26 минути

(Видео) Војската на Нагорно Карабах соборила два азербејџански хеликоптери

Војската на Нагорно Карабах собори два азербејџански хеликоптери користејќи ракети земја-воздух „Игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 час

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија2 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија2 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија3 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет3 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија4 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ5 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија5 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет6 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет6 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија6 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет7 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа7 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт16 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион18 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет20 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет20 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Досие