Контакт

Македонија

Заев – Фон дер Лаен: Oчекувaме придвижување во однос на проширувањето на ЕУ

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев попладнево ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен.

Како што напиша тој на социјалните мрежи, оваа посета е уште едно охрабрување и признание за исполнетите задачи.

„Искажавме заедничко очекување дека на претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија ќе има придвижување во однос на проширувањето на ЕУ, како нејзина стратешка цел, а со тоа и одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на оваа година.

Во меѓувреме остануваме партнери и сојузници во справувањето со пандемијата, во спроведувањето на политиките за регионална соработка и европеизација на земјите од Западен Балкан со најавената силна поддршка од Европската Комисија“, напиша премиерот во својата објава.

Македонија

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Објавено пред

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

Се дозволува работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи:

До 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест КОВИД-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Објавено пред

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба, преку централното градско подрачје. Со новиот мост се зголемува функционалноста и динамиката на движење, се олеснува сообраќајниот метеж, а Скопје и скопјани на располагање добиваат безбедна врска за движење низ трите општини. Мостот на булевар АСНОМ се изведува во согласност со сите совrемени стандарди за изградба и е граден со најквалитетни материјали“,изјави Шилегов.

„ТУНЕЛОТ ЛИМАК – Скопје ќе биде град без сообраќаен метеж, со најголема пешачка зона во Европа во центарот на градот. Бул. Македонија (Јужен булевар) го спојуваме со Кочо Рацин и Бихаќка со 2 кружни тека и тунели под објектот на Лимак се до зградата на некогашна Нова Македонија. Во рамки на целото решение за овој дел е вклучена изградба на голем кружен тек на раскрсницата кај Нова Македонија со што го решаваме и ова тесно сообраќајно грло во градот. Овој коридор овозможува без поминување преку строгиот центар на градот, граѓаните кои патуваат од Кисела Вода да стигнат до Карпош и Ѓорче Петров“, нагласи Шилегов.

„КЛУЧКАТА НА МОМИН ПОТОК – Таков сложен сообраќаен зафат во Скопје не е направен со децении наназад. Оваа раскрсница која ја паметиме по огромни гужви каде поминуваат 25 до 30.000 возила дневно, спојува четири општини, го добива најмодерното и најсофтицираното сообраќајно решение било кога изработено во урбана средина во државата. Градиме издигнат булевар на 9 метри, со кружен тек во ридот кај касарната, со којшто овозможуваме анулирање на семафорската сигнализација и движење без застој на сите видови сообраќај. Таму за прв пат ќе изградиме велосипедски мост, вело патеки мора да има како составен дел од сите идни сообраќајни решенија во градот“, кажа Шилегов.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата, е стравот дека ќе загуби

Објавено пред

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот кој што им се случи во првиот круг од изборите, било да донесат струмичка екипа на бате Вице да работи на терен за Шилегов овде во Скопје. Ќе го освојувале Скопје, но овој пат со струмички сили. Да се разбереме немам ништо против овој преубав град од југоистокот на Македонија, немам ништо напротив преубави чесни и честити луѓе живеат таму, но имам против тоа кога криминалци од кланот на власт го валкаат изборниот процес и мислат дека се главни во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Лисиче.

Мицкоски додаде дека кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата, е стравот дека ќе загуби.

„Тоа е страв зошто знае дека многу бргу ќе се постави прашањето како до толкав имот за толку краток период. Којзнае колку му е тешко кога мора пред камерите насилно да глуми скромен човек, а во реалноста видовме што мисли за народот, сетете се на она потапнување по грбот на оној на господинот кога му велеше никогаш да не ме гласате, а овој само си го бараше своето право и да му се исполни ветувањето кое што истиот овој Шилегов му го дал“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на само два дена пред изборите од првиот круг, Шилегов склучил договор со три кафеани за да има службени гоштевања и ручеци. Тој за ова кажа дека било за да обезбеди континуитет во работењето на градот, и кога ќе размисли човек подобро, навистина овој пат не излажа. Тоа е неговиот континуитет во работата во кафеани.

„Затоа на Скопје му требаат длабоки промени и создавање на нова иднина. Данела Арсовска е вистинскиот избор за градоначалник на Скопје. Заокружете го бројот 82 за модерно Скопје, за Скопје со многу проекти за секого. За човек кој ќе биде менаџер на градот“, нагласи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија21 минута

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Свет59 минути

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија3 часа

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија5 часа

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија7 часа

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија8 часа

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија9 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија10 часа

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија12 часа

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија12 часа

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за...

Свет12 часа

(Видео) Двајца загинаа, а четворица повредени во пукање во трговски центар во САД

Две лица загинаа, а четворица, од кои еден полицаец, се повредени во пукотница во трговски центар во градот Бојси, во...

Македонија13 часа

Во моментот активни над 6.100 случаи на коронавирус во Македонија

Бројот на заразени од коронавирус изнесува 6.187 лица и бележи зголемување во однос на претходната недела. Според епидемиолошки анализи во...

Свет13 часа

ЕМА ја одобри вакцината на „Модерна“ како трета доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 како трета доза за лица над 18 години....

Регион1 ден

Рама: Ако Западен Балкан не може во ЕУ, нека дојде ЕУ на Балканот

Влезот на Западен Балкан во Европската Унија се чини дека е привремено замрзнат, но ако регионот не може да се...

Македонија1 ден

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија1 ден

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет1 ден

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија1 ден

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Досие