Македонија
Заев: Членовите на преодната влада да покажат одговорност во спроведување на фер избори
Сите членови на преодната влада да покажат одговорност во спроведувањето на фер и демократски избори, изјави досегашниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изразувајќи верба дека новите министри коишто се на предлог на опозицијата ќе ја вршат совесно и солидно својата работа.
„Зошто овој просперитет и прогрес да не го искористиме за да го унапредиме растот да биде уште поголем? Верувам дека професионално ќе ја извршуваат својата работа, на крајот окото будно на јавноста е присутно а слободата и демократијата се вгнездени во нашата земја а и верувам дека под окото на граѓаните на коишто служиме и за коишто постоиме сите министри својата функција сериозно и посветено ќе ја извршуваат. Секако најважно е сите заедно да ги земат своите права, пред се и одговорности за организирање слободни фер и демократски избори како што ни приличи на земја којашто е во очекување да добие датум за преговори, на членка на НАТО и верувам дека тоа сите заедно можеме да го постигнеме“, рече Заев.
Запрашан дали има некои закони коишто треба да бидат завршени до 12 февруари додека да се распушти Собранието, рече дека има повеќе и очекува Парламентот низ дискусија и дебатаи без опструкции да ги донесе.
„Има многу важни законски процеси, прво мене ми е драго и сум благодарен на Парламентот како досегашен претседател на Владата за донесувањето на законите коишто имаат импакт или реализација од први јануари за да може да течат сите овие процеси, за да може Фондот за пензиско да ги калкулира новите пензии, новите плати коишто се покачувани во многу други дејности во државата да може да тргнат субвенциите за покачувањето на платите, на минималната плата овој месец ќе се исплати за декември. Сето тоа беше многу важно но и многу други законски решенија сега остануваат на крајот на јануари и почетокот на февруари што треба да се донесат. Не би ги набројувал заради тоа што секој од законите некои педестина, сите имаат своја важност. Не знаеме дали е поважен законот за матична евиденција за дечињата да добијат документи а со тоа да се регистрираат во училиштата или е поважен Законот за конечниот Договор за ратификацијата на Анексот 4 на Кичево – Охрид, за да може градежната механизација и оператива да работи за на пролет првата делница во низината да може да биде пуштена во употреба. Се е важно од законските решенија, но верувам дека Парламентот низ дискусија и дебата ќе ги донесе без било какви опструкции заради тоа што на крајот одговорноста е пред граѓаните. Секако без се се може но убаво е овие закони да ги имаме донесено, за да може како што реков на почетокот да не застане ниту еден процес, темпото на реализација да биде уште подобро од 2019 година. Имавме прилика да ги соопштиме бројките, капиталните инвестиции се реализирани 78% и сум среќен, имајќи во предвид дека минатите години не беа така добри. Во таа реализација буџетот е наплатен некаде околу 98% приходите во буџетот се зголемени за 8,2% во споредба со предходната 2018 година, без зголемување на даноци или било какви такси, значи сериозен доказ за раст и развој и раст на нашата економија, расте економскиот стандард на граѓаните и не треба да бидеме несериозни ова да го пропуштиме. Навистина треба да го туркаме до самиот крај“, истакна Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

