Македонија
Заев: 12.000 стечајни работници добиваат месечен надомест од 8.000 денари, ќе добијат и домашна платежна картичка

„Векот сте го дале за татковината. Нечесно е да останете, вие стечајните работници, без примања. Затоа, воведовме 8.000 денари месечен надомест за 12.000 стечајни работници за да имаат со што да го минат месецот. Тоа е фер и правично општество“, им порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на стечајните работници во Куманово.
Тој истакна дека и стечајните работници во следниот период ќе добијат домашна платежна картичка од 9.000 денари и додаде дека во изминатите две и пол години Владата предводена од СДСМ докажа што е вистинска грижа за народот, за сите граѓани.
„Докажавме дека има пари во нашата земја за граѓаните. Ја воведовме социјалната пензија. Социјалната помош ја зголемивме 300 отсто, воведовме детски и образовен додаток и го проширивме опфатот на деца со овие мерки. Обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца. Инвестираме во човечкиот капитал, а ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на споменици, музеи, стиропорни фасади. Следниот мандат социјалната грижа продолжува уште повеќе и уште подобро“, заклучи Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.