Македонија
Започна пријавувањето за стипендиите „Борис Трајковски“ на Пан Европската ЕМБА програма на Универзитетот Јорк и Универзитетот од Стразбур

Започнува пријавувањето за стипендиите „Борис Трајковски“ за двегодишни вонредни постдипломски студии. Стипендиите што заедно ги нудат Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Министерството за образование и наука, Претседателот на Република Северна Македонија и Фондацијата Борис Трајковски ќе овозможат 20 студенти да студираат според Пан-европската извршна МБА програма.
Конкурсот за пријавување за стипендиите за студии од втор циклус за академската 2024/2025 година е отворен до 13 септември, до кога заинтересираните ќе можат да аплицираат на една од шесте достапни специјализации – МБА по Општ менаџмент, МБА во Маркетинг, МБА во Финансии, МБА во Логистика и менаџмент, МБА во Управување во здравство и МБА во Управување со човечки ресурси.
Со добивање стипендија, кандидатите ќе студираат според Пан-европската извршна МБА програма која претставува меѓународна програма дизајнирана за сите кои сакаат да ги подобрат своите вештини и знаења за професионален, кариерен и личен развој. Овозможува и вистинско меѓународно искуство и вмрежување, преку три студиски патувања – во Јорк (Велика Британија), во Стразбур (Франција) и во Солун (Грција).
Програмата ја предаваат истакнати професори и меѓународни академици од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, од Универзитетот Јорк, од Универзитетот во Стразбур, како и други добро признати универзитети ширум светот и експерти од индустријата со значително професионално искуство.
Пан-европската МБА програма е дел од ексклузивната група од само 300 ЕМБА програми и образовни институции на глобално ниво акредитирани од престижната AMBA. Исто така, Пан-европската МБА програма е акредитирана од Институтот за менаџмент од Велика Британија (CMI), а се нуди во 8 различни градови низ регионот. Вклучува заедница од приближно 4000 студенти и досегашни дипломци што ја потврдува нејзината огромна академската вредност.
Покрај врвното образование, стипендистите ќе имаат можност да се стекнат и со двојна диплома, од Универзитетот Јорк и од Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур. И двете образовни институции што ја доделуваат двојната диплома се високо истакнати и рангирани во научниот свет, Универзитетот Јорк е врвен британски универзитет рангиран и Универзитетот во Стразбур претставува престижен француски универзитет од каде имаат произлезено 18 научници наградени со Нобелова награда.
СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк има статус на Меѓународен кампус на Универзитетот Јорк, водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, светски признат по својата истражувачка работа и рангиран на 147мото место во светот според Times Higher Education 2024. СИТИ Колеџ, Европскиот кампус е лоциран во Солун, Грција, а неговата академска мрежа е воспоставена и распространета во уште 8 земји низ целиот регион со што претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи низ целиот регион.
Заинтересираните кандидати за стекнување стипендија „Борис Трајковски“ можат да конкурираат преку следниот линк.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

„СДСМ бараше минималната плата да се зголеми на 500 евра, но Мицкоски и неговата влада тоа не го прифатија,“ изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Маврово и Ростуше.
Тој истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат предлозите што директно влијаат врз стандардот на граѓаните, а резултатот е стагнација на платите и намалување на куповната моќ.
„Премиерот Мицкоски мисли дека во Македонија може добро да се живее со 400 евра, а Славевски дури смета дека и тоа е многу. Албанија веќе ја зголеми минималната плата на 520 евра, а ние, наместо да одиме напред, тапкаме во место“, нагласи Филипче.
Тој додаде дека СДСМ има конкретен план за зголемување на платите и подобрување на животниот стандард, но дека оваа влада нема слух за реалните потреби на граѓаните.
„Ние не зборуваме за бројки, туку за луѓе, за семејства што едвај врзуваат крај со крај. Затоа е важно на 19 октомври сите да се обединиме и да ја поддржиме бројката 5, за политика која носи раст, правда и достоинствен живот за сите,“ порача Филипче.
Македонија
Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, на X по средбите со државниот врв во земјава.
We remain fully behind North Macedonia on its EU path.
You can count on us.
The next and only step before the opening of the negotiations is clear.
You need to make the agreed constitutional change.
The ball is in your court. The EU is ready. pic.twitter.com/s890meaZLP
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 15, 2025
Фон дер Лајен додаде дека ЕУ ја приближува нашата земја кон нив.
„Во меѓувреме, ја приближуваме вашата земја до нас. За тоа се работи во Планот за раст! Отвораме антена за фабрика за вештачка интелигенција во Скопје. Ве вклучуваме во Единствената платежна зона на Европа. И исплаќаме 16 милиони евра благодарение на реформите што ги направивте“.
In the meantime, we’re moving your country closer to us.
That’s what the Growth Plan is all about!
We’re opening an AI Factory antenna in Skopje.
We’re including you in Europe’s Single Payment Area.
And we’re disbursing 16 million euros thanks to the reforms you have made. pic.twitter.com/YhpaV89vtZ
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 15, 2025
Македонија
Османи: Од Брисел очекуваат новата Влада да обезбеди уставни измени

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вечерва на собирот во Чаир откри дека добил директна порака од висок претставник на Европската Унија, со која, како што рече, се потврдува поддршката од Брисел за европскиот пат на државата и очекувањето дека новата влада ќе ги спроведе уставните измени веднаш по изборите во октомври.
„Денес во нашата земја е претседателката на Европската комисија, која излезе со многу јасна порака за нашата држава. Еден важен пријател од Брисел денес ме извести, и со одговорност го кажувам ова пред вас, ми рече: прашај го Али Ахмети и лидерите на НАИ дали можат да се обврзат пред Брисел дека веднаш по октомври, кога ќе се формира новата влада, ќе се обврзе за уставните измени“, рече Османи.
Тој додаде дека веќе ја презел обврската пред Брисел, бидејќи, како што нагласи, Али Ахмети и Националната алијанса за интеграции отсекогаш биле двигатели на европските процеси во државата.
„Светот разбра дека оваа ситуација е неодржлива, и само со едно излегување на гласање на 19-ти октомври ќе постигнеме многу победи: ќе го ослободиме Чаир од канџите на корупцијата, ќе го освоиме градот Скопје, ќе ја урнеме најантиевропската и најантиалбанска влада што ја имала оваа држава, но и ќе ја урнеме мицковистичката идеја што сака повторно да воспостави моноетничка доминација овде“, порача Османи.