Македонија
Засега нема најава за рестриктивни мерки, надлежните велат дека ситуацијата е под контрола
Во земјата во моментот има 4.043 активни случаи на коронавирус кога вчера беа потврдени 137 новозаразени.
Според податоците на Министерството за здравство, досега како последица на вирусот починале 442 лица, а оздравени се 5.071 од вкупно 9.547 заразени од почетокот на пандемијата.
Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека ситуацијата е под контрола и нема потреба од рестриктивни мерки.
„Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, нема индикација или, пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува. Ситуацијата е стабилна, епидемиолошката состојба ја имаме целосно на увид“, вели министерот.
Во моментот во болниците во државата хоспитализирани се 400 пациенти. Во однос на тоа министерот смирува дека бројот е константен подолг временски период. Тој рече дека состојбата се менаџира соодветно и епидемиолошката состојба ја имаат целосно на увид.
Досега во земјата се направени вкупно 89.703 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

