Македонија
Засега нема најава за рестриктивни мерки, надлежните велат дека ситуацијата е под контрола

Во земјата во моментот има 4.043 активни случаи на коронавирус кога вчера беа потврдени 137 новозаразени.
Според податоците на Министерството за здравство, досега како последица на вирусот починале 442 лица, а оздравени се 5.071 од вкупно 9.547 заразени од почетокот на пандемијата.
Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека ситуацијата е под контрола и нема потреба од рестриктивни мерки.
„Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, нема индикација или, пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува. Ситуацијата е стабилна, епидемиолошката состојба ја имаме целосно на увид“, вели министерот.
Во моментот во болниците во државата хоспитализирани се 400 пациенти. Во однос на тоа министерот смирува дека бројот е константен подолг временски период. Тој рече дека состојбата се менаџира соодветно и епидемиолошката состојба ја имаат целосно на увид.
Досега во земјата се направени вкупно 89.703 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МТСП: Жените може да се пензионираат и на 62 години, доколку тие така одлучат

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години.
Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.
„Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат. Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, појаснуваат од МТСП.
Македонија
(Видео) Ковачки: Одговорност од Шекеринска и Пендаровски за бламот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и одговорност од претседателот, Стево Пендаровски, за, како што рече, бламот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО.
„Шекеринска и Пендаровски да не се кријат зад партиски соопштенија зад СДСМ и да одговорат кој и зошто ги прекршил процедурите при номинациите за воен претставник на Македонија во НАТО во Брисел. Земјата ја понижувате и срамите заради вашиот аматеризам. Ова е блам пред НАТО и Шекеринска и Пендаровски треба да сносат одговорност“, рече тој.
Според Ковачки, Шекеринска и Пендаровски, ја понижуваат и Македонија и алијансата, со самото тоа што две ипол години немаме наш воен претставник во НАТО.
„Јавноста мора веднаш да добие одговор на прашањата: дали Шекеринска знаела дека постои безбедносна пречка за лицата што ги номинирала, и ако знаела, зошто го довела во заблуда претседателот на државата да дава согласност и да ја срами државата пред нашите сојузници, дали Пендаровски ќе побара одговорност од Шекеринска, затоа што го довела во заблуда или ќе си одмолчи и релативизира и ако не е запазена процедурата за избор, зошто не е, и кој е тој, односно таа што е над процедурите за да може да одлучува по сопствено, односно партиско убедување“, праша Ковачки.
Македонија
Талески ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО

Новиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на aлијансата, Јенс Столтенберг.
Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. По церемонијата, следеше состанок на амбасадорот Талески со Столтенберг.
Со предавањето на акредитивните писма и официјално почнува мандатот на Талески како прв постојан претставник на Република Северна Македонија откако нашата држава стана 30. полноправна членка на НАТО на 27 март минатата година.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира