Македонија
Затворите „Скопје“ и „Идризово“ добија нови директори
На денешната седница, Владата, по предлог на Комисија за именување, ги прифати следните кадровски решенија: Драги Чавдаров е избран за независен и неизвршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Национални енергетски ресурси“ – Скопје во државна сопственост, а Николче Бабовски е разрешен од должноста директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија.
Никица Бачовски е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Зоран Атанасов е разрешен од должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Бојан Лазаревски е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за филм, Есад Рахиќ е разрешен од должноста в.д. директор на КПУ „Затвор Скопје“ и е избран за управител на трговското друштво „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје, Филип Андов е именуван за вршител на должност директор на КПУ „Затвор Скопје“, Менфи Илјази е разрешен од должноста директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците на негово барање и е именуван за вршител на должност заменик-координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.
Адмир Ујкановиќ е именуван за директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците, Зоран Исајловски е отповикан од управител на трговското друштво „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје, Фатмир Идризи го именува за заменик на директорот во Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.
Владата ја прифати информацијата за оставката на Зоран Ѓорѓиев од должноста директор на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – Скопје и заклучи да му препорача на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – Скопје да ја именува Јулијана Николова за вршител на должноста директор на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – Скопје.
Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Колекторски систем“ за вршител на должноста заменик на директорот да го именува Фатон Положани. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ за вршител на должноста заменик на директорот да го именува Мухамед Цури.
По предлог на владината Комисија за именување, врз основа на евалуацијата на апликациите од јавниот повик и врз основа на програмите за работа, Владата прифати Сања Лукаревска да ја именува за директор на Управата за јавни приходи, орган во состав на Министерството за финансии, Иљми Селами да го именува за заменик на директорот на Државниот завод за статистика, Јован Деспотовски да го именува за директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јовица Стојановиќ да го именува за директор на КПУ „Затвор Идризово“, Марјан Спасовски да го именува за директор на Управата за извршување санкции.
Ардијан Муслиу е именуван за директор на Државниот просветен инспекторат, орган во состав на Министерството за образование и наука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

