Контакт

Македонија

Заштитни мерки и за новинарите во владиниот прес-центар

Објавено пред

Откако министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше за нов сет мерки во однос на заштитата од коронавирусот, чекори за претпазливост се преземаат и во прес-центарот на владата.

Слично како мерката во кафулињата каде гостите треба да бидат на 2 метра оддалеченост еден од друг, така и столчињата за новинарите во владата се оддалечени повеќе од обично.

Ова беше очигледно на прес-конференцијата која техничкиот премиер Оливер Спасовски ја одржа по денешната лидерска средба на која политичките партии зборуваа за влијанието на коронавирусот врз предизборната кампања.

Исто така, за разлика од обично, кога микрофонот преминува од рака во рака кај новинарите, овој пат за тоа беа задолжени посебни претставници од владината служба кои ги држеа микрофоните со цел да се избегне допир од повеќе лица.

Министерот Филипче денеска повика да проработи јавната свест кај граѓаните, за, како што рече, да не дојдеме во ситуација како во Италија, каде има полициски час и луѓето не смеат да излезат од дома без придружба на полиција.

 

 

Македонија

Казнети 513 возачи во Скопје од кои 148 за брзо возење

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 35 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, за нерегистрирани и технички неисправни возила казнети се 39 возачит.

Исто така, казнети се 82 мотоциклисти и одземени се четири мотори.

Изречени се 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила се подигнати со пајак (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворен нов спортско-рекреативен центар во Карпош 3

Објавено пред

На површина од 11.000 квадратни метри, граѓаните на Општина Карпош, поточно од населбата Карпош 3 добија нов спортско – рекреативен центар во училишниот двор на ООУ „Лазо Трповски“. Овој простор, повеќе години делуваше запуштено и неуредено иако е дел од урбаното јадро на општината.
Овој центар, вчера, беше отворен со голема маалска дружба Негова цел е да понуди содржини за повеќе генерации на граѓани.

Содржинскиот дел на спортскиот центар го исполнуваат терените за кошарка, фудбал, ракомет, сервис, фитнес зона, детско игралиште, како и новозасадени дрвја, тревна површина, систем за наводнување, лед светилки, клупи и корпи за отпадоци.

Преку вчерашната маалска средба и дружење најнепосредно се покажа како може и како треба да се користат овие јавни површини. Младите спортуваа, децата, барем за момент се вратија во училишните дворови и правеа џагор, а повозрасните уживаа во македонските евергрини и мелодии за Карпош и Скопје.

Во изјавата за медиуми, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека заштитата на јавниот простор е еден од приоритетите на локалната самоуправа. Си поставивме цел трајно да ги разубавиме површините меѓу зградите, со цел да се надомести штетата од агресивната и непланска урбанизација.

„Среќен сум што вечерва гледам дека оваа зона ја користат сите генерации на граѓани: младите, средновечните, највозрасните. Меѓугенерациската дружба е значаен сегмент од животот на секој човек, а во време на светска пандемија и намалени контакти, овој тип на зони во голема мерка помагаат за социјализација на карпошани и одржување на позитивниот дух“, рече Богоев.

Во рамки на настанот фитнес час одржаа и тренерите од спортското здружение „ТАКТ“. Ученици, пак, на поставените штафелаи го изразуваа својот талент за цртање, а имаше и изложба на цртежи на тема „Зелен Карпош“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно со засилен ветер и температура до 31 степен

Објавено пред

Времето ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Зголемена облачност ќе има и в сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ39 минути

Тачи ќе му додели на Трамп „Орден на слободата“

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа44 минути

Чешка руши рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број на нови случаи...

Свет49 минути

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот, со петнаесетина...

Регион58 минути

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија12 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ13 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет13 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија14 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ14 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ16 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура17 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија19 часа

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Македонија19 часа

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста,...

Македонија19 часа

ЗНМ повикува на транспарентна и непристрасна истрага за рекламирањето на партиите на последните избори

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага...

Македонија20 часа

(Видео) Костадинов: Односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство

Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство, изјави портпаролот...

Македонија20 часа

Владата: Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна

Обезбедена е целосна грижа и доволно места за децата во градинките, единствен логичен чекор е родителите да се вратат на...

Македонија21 час

Целиот тим на ракометниот клуб Голден арт КЛ7 во изолација поради коронавирус

Ракометниот клуб Голден арт КЛ7 ги информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на...

Македонија22 часа

(Видео) Ќе се гради пругата кон Бугарија

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија. Тој...

Македонија23 часа

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Регион23 часа

Нова одлука во Србија – сите што се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Од утре, од 18 часот, во Србија стапува во сила нова одлука – сите државјани на Србија што ќе се...

Досие