Македонија
За бојкотирање на пописот можна е затворска казна до пет години, велат од Владата

Бојкотот не е опција зошто станува збор за исклучително важна операција. Тој е граѓанска обврска и е задолжителен, рече владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција во врска со најавената статистичка операција.
Тој додаде дека според Кривичниот законик (КЗ), санкциите можат да бидат парични, но и со затворска казна од една до пет години.
Притоа, Арсовски цитираше и член од КЗ:
„Член 387 вели: Тој што ќе организира други форми на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години“.
„Бојкотот е и кривично дело, оттаму секој повик на бојкот подлежи на закон, а институциите ќе го применуваат во таков случај. Законска основа за казнување, вклучувајќи и затвор, е делото ‘организирање на отпор и непослушност кон законити мерки на државен орган’“, истакна владиниот портпарол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до започнување на издржување на казната затвор. На поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, судот му одреди домашен притвор.
Двете мерки се по предлог на обвинителот Трајче Пеливанов кој го застапува предметот „Трезор“
„Судот донесе решение – спрема Сашо Мијалков се одредува мерка притвор до правосилноста на пресудата, односно до започнување на издржување на казната затвор“, рече судијката Џенета Бектовиќ.
Со одредениот притвор, Сашо Мијалков нема да излезе од затворот Шутка за две недели, што требаше да се случи, бидејќи претходната мерка му траеше до 27 април.
„Околноста дека Сашо Мијалков е моќен човек, несомнено се јавува потребата од определување на мерка за обезбедување на негово присуство, а со оглед на тоа што спрема овој обвинет во ‘Таргет-Тврдина’ има мерка ефективен притвор, која мерка може да трае до правосилноста на оваа пресуда односно најдоцна до 27 април, предлагаме по објавувањето на денешната пресуда спрема обвинетиот Сашо Мијалков, а поради постоење на опасност од бегство, да се определи мерка притвор во овој предмет, а притворот во предметот ‘Таргет-Тврдина’ да биде укината. Причините за ваквиот предлог на Обвинителството е делумно идентичен како што се произнесовме во другиот предмет, а тоа е дека се потврдени податоците дека Сашо Мијалков има дозвола за престој и адреса во Прага, но и дека поседува две возила кои се регистрирани на негово име. По однос на овој наш предлог, би сакал накратко да дополнам дека судот треба да го цени и фактот кој и претходно беше изнесен дека обвинетиот Сашо Мијалков е лице кое е добро ситуирано, дека тој и неговите членови на семејството поседуваат приватни бизниси, што создава финансиска можност за организирање на логистика и комотно живеење во бегство“, рече Трајче Пеливанов.
Според адвокатите на Мијалков, барањето за ефективен притвор за предметот „Трезор“ е без поткрепа и докази.
Тие тврдат дека бизнисите кои Мијалков ги има во земјава се причина за тој да остане во државава, а не да бега.
„Пред Апелација овој предмет ќе заврши со ослободителна пресуда, убедни во сопственото знаење и недокажување на она што беше од судот образложено, со фрагментирање на делови кои не се предмет на обвинение, со што сметам дека јавноста е доведена во заблуда, се поставува логично прашање кој ќе ја сноси одговорноста кога се предлага притвор, а кога за овој предмет одбраната е цврсто убедена дека нема ниту еден релевантен доказ кој оди во прилог на обвинението. Одбраната смета и тврди дека тезата на обвинителството е погрешна и оди во прилог на тврдењето дека Мијалков кој има повеќе бизниси во државата нема да се даде во бегство, туку тоа е причина повеќе да остане во државата“, рече адвокатот Љупчо Шврговски.
Предлог за притвор, обвинителот Пеливанов даде и за поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ.
„Имајќи ја превид казната затвор од пет години, цениме дека определените мерки на претпазливост односно одземањето на патната исправа, сметаме дека не е доволна за обезбедување на присуство. Од тие причини постои реална опасност од бегство и за овој обвинет, имајќи ја во предвид казната затвор, поради тоа предлагаме мерка притвор“, рече Пеливанов.
Бранителот Александар Новаковски кој го застапува поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, смета дека не треба да му се одреди притвор на лицето.
„Обвинителството не наведе доказ и причина, а предложи притвор. Се работи за обвинетиот кој се води само оваа постапка. Судот има точна евиденција дека не е осудуван ниту за сообраќаен прекршок и не гледам ниту една причина за да се предложи ваква мерка, за која сум изненаден. Судскиот совет ако го прифати овој предлог, грубо ќе се прекрши законот. Се работи за фамилијарен човек, татко на две деца“, рече адвокатот Александар Новаковски.
Обвинетите Горан Грујевски и Тони Јакимовски веќе имаат мерка притвор.
Македонија
Притворот на Мијалков истекува за две недели, Обвинителството бара нов поради опасност од бегство

Бидејќи притворот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој му е одреден во предметот „Таргет-Тврдина“ истекува за две недели, а според Обвинителството постои можност да избега, обвинителот Трајче Пеливанов побара да му се одреди притвор во предметот „Трезор“, каде денеска е осуден на осум години затвор. Притвор е побаран и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, кој досега имаше мерка на претпазливост – одземање на патна исправа.
„Поради околноста дека Сашо Мијалков е моќен човек, несомнено се јавува потребата од определување на мерка за обезбедување на негово присуство, а со оглед на тоа што спрема овој обвинет во ‘Таргет-Тврдина’ има мерка ефективен притвор, која мерка може да трае до правосилноста на оваа пресуда, односно најдоцна до 27 април, предлагаме по објавувањето на денешната пресуда спрема обвинетиот Сашо Мијалков, а поради постоење на опасност од бегство, да се определи мерка притвор во овој предмет, а притворот во предметот ‘Таргет-Тврдина’ да биде укината. Причините за ваквиот предлог на Обвинителството е делумно идентичен како што се произнесовме во другиот предмет, а тоа е дека се потврдени податоците дека Сашо Мијалков има дозвола за престој и адреса во Прага, но и дека поседува две возила кои се регистрирани на негово име. По однос на овој наш предлог, би сакал накратко да дополнам дека судот треба да го цени и фактот кој и претходно беше изнесен дека обвинетиот Сашо Мијалков е лице кое е добро ситуирано, дека тој и неговите членови на семејството поседуваат приватни бизниси, што создава финансиска можност за организирање на логистика и комотно живеење во бегство“, рече Трајче Пеливанов.
Според адвокатите на Мијалков, барањето за ефективен притвор за предметот „Трезор“ е без поткрепа и докази. Тие тврдат дека бизнисите кои Мијалков ги има во земјава се причина за тој да остане во државава, а не да бега.
„Пред Апелација овој предмет ќе заврши со ослободителна пресуда, убедни во сопственото знаење и недокажување на она што беше од судот образложено, со фрагментирање на делови кои не се предмет на обвинение, со што сметам дека јавноста е доведена во заблуда, се поставува логично прашање кој ќе ја сноси одговорноста кога се предлага притвор, а кога за овој предмет одбраната е цврсто убедена дека нема ниту еден релевантен доказ кој оди во прилог на обвинението. Одбраната смета и тврди дека тезата на обвинителството е погрешна и оди во прилог на тврдењето дека Мијалков кој има повеќе бизниси во државата нема да се даде во бегство, туку тоа е причина повеќе да остане во државата“, рече адвокатот Љупчо Шврговски.
Предлог за притвор, обвинителот Пеливанов даде и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.
„Имајќи ја превид казната затвор од пет години, цениме дека определените мерки на претпазливост односно одземањето на патната исправа, сметаме дека не е доволна за обезбедување на присуство. Од тие причини постои реална опасност од бегство и за овој обвинет, имајќи ја во предвид казната затвор, поради тоа предлагаме мерка притвор“, рече Пеливанов.
Бранителот Александар Новаковски кој го застапува поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, смета дека не треба да му се одреди притвор на лицето.
„Обвинителството не наведе доказ и причина, а предложи притвор. Се работи за обвинетиот кој се води само оваа постапка. Судот има точна евиденција дека не е осудуван ниту за сообраќаен прекршок и не гледам ниту една причина за да се предложи ваква мерка, за која сум изненаден. Судскиот совет ако го прифати овој предлог, грубо ќе се прекрши законот. Се работи за фамилијарен човек, татко на две деца“, рече адвокатот Новаковски.
Обвинетите Горан Грујевски и Тони Јакимовски веќе имаат мерка притвор.
Македонија
(Видео) Богдановски: Градоначалникот на Сопиште свесно го кочи проектот за водоснабдување

Според Далибор Богдановски од СДСМ, на само неколку километри од Скопје, жителитe на општина Сопиште немаат вода за пиење.
За ваквата состојба според Богдановски виновна е локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Стефче Трпковски.
„Граѓаните од оваа општина, поради неспособноста на градоначалникот се препуштени сами на себе во 21 век да решаваат елементарни проблеми со купување на техничка вода од цистерни за хигиена и вода за пиење. Притоа, за да се донесе таа техничка вода во домовите, неопходни се хидрофори, кои престануваат да работат при прекин на електрична енергија. Притоа никој не знае дали водата е бактериолошки исправна. Поради ова жителите се изложени и на чести бактериски заболувања“, вели Богдановски.
Додаде дека Стефче Трпковски останал глув и слеп за потребите на своите сограѓани.
„Поради неговиот игнорантски однос, Владата предводена од СДСМ, со средства од државниот буџет, ќе продолжи со изградба на водоводот Патишка река, кој претставува трајно решавање на водоснабдувањето во општина Сопиште. Одговорно тврдам дека Владата има обезбедено финансиски средства за реализација на овој проект од круцијална важност за жителите на општина Сопиште“, потенцира тој.
Напомена дека за решавање на случајот недостига еден документ кој градоначалникот бил должен да го приложи до Владата, но тој тоа не го сторил.
„Го прашуваме градоначалникот на Општина Сопиште, зошто чека и до кога мисли да ги замајува своите сограѓани со лаги и дезинформации?“, запраша Богдановски.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш