Македонија
За време на зимскиот распуст нема да важат средношколските билети за ЈСП

ЈСП информира дека за време на претстојниот зимски распуст нема да важат годишните средношколски билети за бесплатно користење јавен превоз.
Средношколците од прва година, од почетокот на второто полугодие, јавниот превоз бесплатно ќе можат да го користат само со персонализирана картичка „Скопска“, односно од петок (1.01.2021 година) прекинува да им важи времениот хартиен билет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Стабилизирана ситуацијата со пожарот кај Преспа, продолжува гаснењето во прилепско

Пожарот што избувна во близина на Преспанското Езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Иако на неколку локации сè уште има догорувања во внатрешноста на опожарениот простор, нема опасност од негово проширување.
„Противпожарните екипи се на терен, работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во текот на ноќта“, изјави Ангелов.
Еден ер трактор на ДЗС успешно интервенирал во неколку налети, полнејќи вода од езерото и гаснејќи го пожарот околу Преспа, додека втор ер трактор денес бил ангажиран во гаснење на пожарот кај Желино и Еребино.
Во Прилепскиот регион, полициски хеликоптер активно дејствуваше околу селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец, каде што претходно беше упатен и еден армиски хеликоптер.
Ангелов уверува дека нема опасност за куќите и објектите и дека на терен има доволно противпожарни сили, вклучително и локално население кое се приклучило во справувањето со огнената стихија.
Македонија
Ертракторите дејствуваат врз пожарите кај Преспанското езеро и Желино: „Нема опасност по куќите“

Еден ер трактор на ДЗС полнејки вода од езерото успешно дејствуваше во повеќе налети врз пожарот до Преспанско езеро додека вториот ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спсување, Стојанче Ангелов.
Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско околу селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец. Кон овие села се упатува и еден армиски хеликоптер.
Ангелов уверува дека нема опасност по куќите и други објекти, на терен има доволно противпожарни екипи како и локално население.
Македонија
Сиљановска-Давкова го прими мароканскиот министер за надворешни работи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Насер Бурита, министер на Кралството Мароко за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници, кој престојува во официјална посета на земјава.
Според неа, Мароко, како една од водечките земји во МЕНА регионот е природен политички и економски мост меѓу Европа и Северна Африка, со клучна улога во регионалната стабилност и просперитет, како и во гарантирањето меѓународен мир и безбедност.
Министерот Бурита, во својата прва официјална посета на македонската држава, препознава почеток на нова ера во градењето меѓусебни односи.
Сиљановска-Давкова ја истакна важноста од меѓусебната соработка во меѓународните организации, а особено во рамките на ОН, Меѓународната организација на франкофонијата, како и во Унијата за Медитеранот.
За соговорниците, Билатералниот договор за културна соработка, којшто владите го потпишаа во декември минатата година, ќе го продлабочи меѓусебното разбирање и почит.
Мароканскиот министер изрази подготвеност за стратешка соработка во сферата на енергијата.
Тој, во името на мароканскиот крал, ѝ упати покана за посета на Кралството Мароко.