Македонија
За една недела од коронавирус во Македонија се заразиле 7.280 лица
Во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, што се однесува на периодот од 2 до 8 ноември, тестирани се вкупно 19.719 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,3 проценти во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 7.280 нови позитивни случаи од 35 града во државата, што претставува зголемување од 25,5 проценти во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи е од Скопје (n=3.256; 44,7 %), со неделна инциденца – 527,2/100.000.
Во наведениот период процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37 проценти. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1543, 21,2 %). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1452; 19,9 %), од 40 до 49 (n=1403; 19,3 %), од 50 до 59 (n=1401; 19,2 %) и од 20 до 29 години (n=1090; 15,0 %). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (n=120; 1,6 %) и од 10 до 19 години (n=252; 3,5 %).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6 %) лица од машки и 3.522 (48,4 %) од женски пол. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.114 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 852 лица повеќе во однос на претходната недела. Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, зголемување од 41,1 % во однос на минатата недела.
Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50 до 59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, 4 случаи во возрасната група од 30 до 39 години и 1 случај во групата на возраст од 20 до 29 години. Од смртните случаи епидемиолошки се истражени 120 или 94 %.
Детаљниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 2 до 8.11.2020 година, како и кумулативната состојба на Ковид-19 во Република Северна Македонија, се објавуваат на веб-страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

