Македонија
„За сала од 50 илјади евра Таравари потроши 750 илјади евра народни пари“, велат од „Влен“
„Вистината, кога е документирана, станува неповратна. Денес, фактите зборуваат погласно од која било пропаганда и од кој било обид да се скрие зад празни зборови. Во Гостивар е извршена една од најсериозните финансиски злоупотреби што локалната самоуправа во Северна Македонија некогаш ги видела. Сала на општинскиот совет, која технички и функционално можеше да се изгради со максимална цена од 50 илјади евра, беше изградена по скандалозна цена од околу 750 илјади евра“, велат од „Влен“.
„Ова не е грешка. Не е толкување. Не е политичка дебата. Ова е сериозна злоупотреба на јавни пари. Документот постои. Бројката постои. А документот е потпишан од Арбен Таравари.
Таков случај не постои во ниту една општина во Северна Македонија. Ваква злоупотреба од ваков обем не е пронајдена ниту во општините во регионот. Ова е доказ за срам и институционална неодговорност. Затоа, одговорноста не е колективна, ниту апстрактна. Одговорноста има име и презиме: Арбен Таравари.
ВЛЕН не зборува со предрасуди, туку со факти. А фактите не можат да се сокријат, ниту да се релативизираат, без разлика колку гласно се извикува за нив. Ова е моделот на управување што го искусија граѓаните на Гостивар: луксуз за владата, сиромаштија за граѓаните; неконтролирано трошење, недостаток на одговорност и презир кон јавниот интерес.
На 11 јануари завршува оваа приказна. Граѓаните на Гостивар ќе зборуваат јасно и со еден глас за Невзат Бејта. Ќе го испратат Арбен Таравари и неговата политичка клика на политичкото дно, исто како што потона на 11 октомври неговата селотејп коалиција позната како НАИ.
ВЛЕН не го прикрива криминалот, не ја релативизира корупцијата и не преговара со вистината. Гостивар заслужува правда, чесност и нов почеток. Времето за злоупотреба заврши“, соопшти „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

