Македонија
Зградите и обележјата во Скопје се осветлуваат во сина боја за децата
Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето, вечерва и утре, зградите и обележјата во Скопје ќе се осветлат во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.
„Осветли во сино“ за Светскиот ден на детето е глобална иницијатива. Постојат најави дека Европскиот парламент во Брисел, кулата „Шангај“ во Кина, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан, Куќата „Фрида Кало“ во Мексико, мостовите на Босфор во Турција и многу други познати обележја, ќе светнат во сина боја во 2019 година.
Секоја година на 20 ноември по повод потпишувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, светот го слави Денот на децата.
Заедно со Владата и во партнерство со Делегацијата на Европската Унија, УНИЦЕФ во Северна Македонија организира низа активности за одбележување на 30-годишнината од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

