Македонија
Зибери: Државна помош до 20.000 евра за сите млади за купување стан и куќа
Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, ги посети младите семејства со кои разговараше за проблемите со кои се соочуваат.
„Нашите заложби во овој поглед се многу сериозни. Ние мора да ги насочиме нашите идеи во однос на плановите за поддршка на младите луѓе, во насока на поддршка на младите парови до 35-годишна возраст, кои имаат посериозни потреби и предизвици; поточно, мора да ја насочиме нашата поддршка кон паровите што сè уште не си го решиле станбениот проблем – да им се понуди помош во вид на кредит, без камата, до 20.000 евра“, истакна Зибери за време на разговорот со еден млад пар.
Меѓу другото, Зибери додаде дека во неговите планови е дополнително да ја развие и мрежата за предучилишно образование за градинките за деца затоа што, како што рече, констатиран е недостиг во овој сегмент.
„Секој не може да го испрати своето дете во системот на предучилишно образование, особено во
градинките“, додаде Зибери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

