Македонија
Зибери: Задолжителни часови по албански јазик е прашање на еднаквост
Денеска, во дворот на училиштето „Хасан Приштина“ во Чаир, кандидатот за премиер Насер Зибери и носителот на листата изборната единица два, Арбр Адеми, остварија средба со учителите и наставниците, за да ги слушнат нивните потреби и да разговараат за можностите за подобрување на квалитетот на образованието, особено еднаквоста во образованието.
„Мојата заложба во текот на првите 100 дена како премиер Албанец предвидува исто така и подобрување на иднината на нашите млади. Ќе го направиме задолжително предучилишно образование и ќе обезбедиме градинки во секоја општина“- рече Насер Зибери, додавајќи дека задолжителното предучилишно образование гарантира еднакво образование за сите деца без оглед на нивниот социјален статус и им помага на новите семејства што е научно докажано, и дека предучилишното образованието придонесува за образовните кариери на децата и го намалува социјалниот јаз.
Кандидатот за премиер, Насер Зибери, се осврна и на задолжителното воведување на албанскиот јазик од 5-то одделение.
„Законот за јазиците е донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија, а албанскиот јазик, сега веќе е официјален јазик во земјата. Ова е најважното достигнување за нас Албанците“, посочи Зибери.
За време на посетата, носителот на листата на изборната единица два, Арбр Адеми, истакна дека ќе се инвестира во образовната инфраструктура, во изградбата и реновирањето на градинките и училиштата во албанските населби, проекти за кои посочи дека дел се веќе во тек. „Да изградиме
еднаква инфраструктура, училишта и модерни градинки, дури и во населбите што се изоставени во однос на инфраструктурата долги години“ – истакна Адеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

