Контакт

Македонија

Знамето на НАТО поставено пред Владата

Објавено пред

На свечена церемонија, денеска, пред Владата беше кренато знамето на НАТО. Премиерот Зоран Заев рече дека со влезот во НАТО почнува нова страница во историјата на Македонија.

„Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето ја одредува иднината, и тоа не само нашата, туку и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја“, рече Заев.

Тој истакна дека Македонија овие денови ја почнува следната комплексна етапа во изградбата на нашата држава според европските стандарди. Заев рече дека веќе никој нема да нè блокира од надвор.

Македонија

Затекнати 45 лица од Пакистан во камион на автопатот Скопје-Велес

Објавено пред

Четириесет и пет лица од Пакистан биле затекнати во камион кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје.

МВР соопшти дека контролата на возилото била спроведена синоќа по полноќ, пришто бил приведен 28-годишниот И.М. од селото Марвинци, Богданци кој управувал со возилото.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворена е првата неформална групна пракса по семејна медицина во поликлиниката „Букурешт“

Објавено пред

Првата неформална групна пракса по семејна медцина СеМед е отворена во поликлиниката Букурешт, во Скопје.

Групната пракса e нов модел на организација на општата или семејната медицина која овозможува подобрување на услугите кои се даваат на пациентите.

Семејната медицина е медицинска специјалност која овозможува здравствена заштита на лицата од сите возрасти. Таа се однесува на примарната здравствена заштита и овозможува континуирана и севкупната заштита на индивидуите и фамилиите без разлика на возраст, пол, нарушувања и болести. Таа е базирана на пациентот во контекст на фамилијата и општеството, каде се вклучени превенција на заболувањата и промоција на здравјето. Според Светската организација на фамилијарни доктори, целта на семејната медицина е да овозможи персонална, сеопфатна и континуирана грижа на индивидуата во контекст на фамилијата и општеството.

Во рамките на групната пракса СеМед работат четири тимови од лекари и сестри кои ќе даваат услуги на пациенти од сите возрасти. Пацинетите ќе ги добиваат сите услуги покриени од страна на ФЗОМ.

Дополнително се организираат групни едкуации за пациенти за превенција , промоција и менаџирање на хроничните болести. Стручниот тим во СеМед се наведува дека работи според најновите протоколи за работа и медицината базирана на докази. Oд СеМед истакнуваат и дека имаат и отворена листа за избор на матични лекари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алкохол, брзо возење, прекршоци – казнети речиси 200 возачи во Скопје

Објавено пред

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден биле казнети речиси 200 возачи во Скопје.

Во периодот од 6 до 24 часот, била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење, пришто санкционирани се 43 возачи. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози, информираат од МВР.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје утрово спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 25 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 33 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 12 прекршочни платни налози.

Вчера биле санкционинрани и 14 возачи на мотори, а откриени се и 28 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и седум прекршочни платни налози.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Ердоган: Операцијата во Сирија ќе трае додека не биде надмината заканата

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, пренесе агенцијата „Анадолија“. Ердоган...

Македонија56 минути

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 час

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија17 часа

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија19 часа

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија19 часа

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Спорт22 часа

Македонија подготвена за полската „стапица“ (галерија)

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови арената“ во Варшава, каде што утре од 20.45 часот не...

Македонија22 часа

Соботка: Блокирањето на преговорите штети на кредибилтетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој...

Македонија23 часа

Европската народна партија повика на започнување разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија

Следната недела, земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ќе се соочат со стратешки избор во врска со започнувањето на пристапните преговори...

Регион23 часа

Словенија го менува законот – невработените со надомест од 402 евра

Владата на Словенија предложи измени и дополнувања на Законот за пазарот на трудот, со што би се зголемила минималната бруто...

Македонија1 ден

Меркел ќе го убедува Макрон да попушти за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која според уверувањата на дипломатите, е...

Бизарно1 ден

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус),...

Топ1 ден

Над 160 казни за возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11.10.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот...

Свет1 ден

Американскиот секретар за внатрешна безбедност поднесе оставка

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност, Кевин Мекалинен (48) поднел оставка, а...

Свет1 ден

САД и Кина пред договор, се ближи крајот на трговската војна

САД и Кина се многу блиску до крај на трговската војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со кинескиот...

Култура1 ден

„Медена земја“ репризно в недела на „Киненова“

Програмата на фестивалот „Киненова“ продолжува до недела кога во 18 часот, поради голем интерес на публиката репризно ќе биде прикажан...

Спорт2 дена

Македонските фудбалери тренираа во Полска, Адеми е неизвесен за в недела

Македонските фудбалски репрезентативци вечерва го одржаа својот прв тренинг во Варшава, во пресрет на гостувањето кај Полска во мечот од...

Свет2 дена

(Видео) Пожари во Лос Анџелес – евакуирани речиси 100 000 лица

Околу 100.000 луѓе се евакуирани од своите домови во Лос Анџелес поради пожарите кои избувнаа во долината Сан Фернандо, соопштија...

Свет2 дена

Почина рускиот космонаут кој го направи првиот чекор во вселената

Почина рускиот космонат Алексеј Леонов, првиот човек што прошета во вселената на 85- годишна возраст, јавуваат агенциите. Во 1965 година,...

Досие