Македонија
ЗНМ бара брза реакција на МВР и ЈО за ескплицитните закани по животот на новинарите
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро реагира на јавно искажаните закани по животот, како и омаловажувања искажани на профилот на социјалните мрежи на лицето Арбен Есати и ги повикува Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното Јавно обвинителство (ОЈО) итно да постапат со цел да не се доведат нашите колеги во безбедносен ризик.
На социјална мрежа „Фејсбук“ личност со профил именуван како Арбен Есати неодамна објави заканувачки текст проследен со вулгарни зборови кон медиумите: БЕЗ ЦЕНЗУРА, ТВ 21, ГАЗЕТА ЕКСПРЕС, ТЕТОВА СОТ, КОХА ТВ, КОХА ЊУЗ, КУМАНОВА СОТ, ТВ ШЕЊА, ЛАЈМИ ПРЕС. Тој во својата објава јавно се заканува на новинари кои работат во овие медиуми со зборовите: „Ќе ви ги сечам прстите“, „Јас работата ќе ја загубам, ама вам животот ќе ви го земам каде и да сте“, „Не полицијата, туку ни војската не може да ве спаси, жените, вас и сестрите ќе ви ги силувам“, „децата ќе ви ги…“
Од ЗНМ наведуваат дека овие закани следат после објавите на дел од локалните медиуми кои имаат преземено вест од српски медиум, а во врска со таткото на лицето Есати, лекар кој наводно се понудил да работи во Србија по што следеле разни реакции на социјалните мрежи.
„Укажуваме дека говорот на омраза и заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални дела предизвикани од омраза. Во контекст на тоа Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе барање до Министерството за внатрешни работи и до СВР Тетово, за брзо постапување во врска со овој случај и итна мерки против лицето Арбен Есати. Од МВР нè известија дека преземаат мерки за расчистување на случајот во најбрзо време. Потсетуваме дека безбедноста на новинарите и правото на слободен говор се основните обележја на земја што претендира да биде демократска. Затоа, експлицитните закани по животот на новинарите и членови блиски до нивното семејство мора да бидат санкционирани со цел новинарите да можат безбедно ја вршат својата професија“, соопшти ЗНМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

