Македонија
Игор Бимбилоски нов член на Извршниот одбор на СДСМ
На последната седница на Централниот одбор за член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз беше избран Игор Бимбилоски од Охрид.
Од СДСМ информираа дека Бимбилоски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, успешен и докажан менаџер во приватниот информатички и телекомуникациски сектор.
Игор Бимбилоски е актуелен генерален директор на „Телелинк групација“ во Албанија.
Претходно Билбилоски извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Република Северна Македонија и Република Албанија. Бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
Зад себе Бимбилоски има и партиски функции како претседател на ОО СДММ Охрид и генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година.
Со изборот на Бимбилоски, се комплетираше составот на Извршниот одбор на СДСМ каде целосно е запазена родовата еднаквост, односно од 18 членови, девет се мажи а девет жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

