Македонија
Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија
Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит Тимотеј.
Георгиј, инаку, поранешен македонски амбасадор во Ватикан, неодамна се замонаши.
„На 28 мај 2025 година, кога Светата Црква го прославува Одданието на Воскресение и споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ – Криви Дол, Скопје. На Литургијата Архиепископот го ракоположи во јероѓаконски чин монахот Георгиј (Ѓорѓевски).”, објави Скопската епархија на МПЦ-ОА на својата веб-страница.
Ѓорѓевски е македонски теолог и универзитетски професор. Тој е редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што предава предмети од областа на Старозаветната теологија, вклучувајќи Библиска историја и археологија, Вовед во Стариот Завет и Егзегеза на Стариот Завет.
Своето високо образование го започнал на истиот факултет, каде што дипломирал теологија. Потоа продолжил со постдипломски студии на Понтификалниот универзитет „Грегоријана“ во Рим, Италија, каде што магистрирал и докторирал во областа на библиската теологија.
Во периодот од 2010 до 2014 година, Ѓорѓевски ја извршувал функцијата амбасадор на Македонија при Светата Столица (Ватикан).
Ѓорѓевски е автор на бројни научни трудови и книги. Во периодот од 2016 до 2023 година, тој бил декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, прашува Кузеска

Убиството на Росица не смее да биде заборавено. Убиството бара одговори, бара одговорност и будност и голема сериозност на институциите, а не префрлање на вина еден на друг, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
“Очајно ми треба помош” – напишала младата Росица пред насилникот да и го одземе животот.
Во јавноста се појавија пораки од Росица наводно испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои таа зборува за нејзиниот страв и очајно бара помош. Кузеска го праша министерот за внатрешни работи дали пораките стигнале до него.
“Сѐ надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација. Човекот кој од декември наваму, ме демне, ме тепа, ми нанесува друг вид на насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода”, пишува во пораката која наводно е испратена до министерот Тошковски.
Дали оваа порака Почитуван министре стигнала до вас пред 5 месеци ? Ако стигнала, што сте направиле“.
Како што вели прашува, бидејќи наводно во таа порака на Росица е објаснета нејзината целосна голгота низ институциите, името на обвинителот, но и тоа дека на човекот кој ја уби Росица и покрај сите терори кои ги трпела и ги пријавила уредно, стои дека пасошот му е вратен од страна на МВР.
„Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин” напишала Росица.
Ако е така, вели Кузеска, тогаш граѓаните со сигурност може да заклучат дека се оставени сами на себе кога се работи и за нивниот живот и дека залудно пријавуваат насилство, закани, демнење.
„Смртта на Росица е трагична. И ниту еден коментар од послушниците на власта не можат да ја намалат сериозноста на непостапувањето на институциите да го спасат животот на оваа млада жена. Ниту Миленко Неделковски, ниту било кој од власта, кој се обидува да ја префрла топката еден на друг. Каде во оваа држава човек треба и може да се обрати доколку му се закануваат по живот? Доколку го тепаат, му палат автомобил? Каде може да пријави една жена за да знае дека таа и најблиските ќе бидат сигурни?
Росица не молчела! Росица пријавувале секогаш кога стравувала за својот живот, а нејзиниот живот и животот на нејзиниот татко згаснаа“.
Македонија
Вчера 644 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода пет лица поради безобзирно управување со возило

Во текот на вчерашниот ден во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 644 платни од кои што во најголем дел се сообраќајните прекршоци што се однесуваат на непрописно паркирање 183, како и на управување на возило со брзина поголема од пропишаната 158 прекршоци, известува МВР.
„Покрај ова во текот на вчерашниот ден, согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, беа изречени и 82 прекршоци за возачи што управувале возила без возачка дозвола, потоа евидентирани биле 33 прекршочни санкции за користење на мобилен телефон и 37 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неносење заштитен шлем биле санкционирани 27 возачи на мотоцикл.
Исто така, санкционирани се двајца возачи на електрични тротинети, петмина возачи што минале на црвено светло како и 10 возачи што управувале возило со недозволено количество алкохол во крвта. Воедно од страна на полициските службеници вчера беа лишени од слобода и петмина возачи на кои што ќе им бидат поднесени кривични пријави по основ на член 297-а од КЗ на РСМ („безобзирно управување моторно возило“) затоа што кај нив се детектирани вредности на алкохол во крвта над 1,5 промили. Инаку, согласно Законот за возачи вчера од сообраќај беа отстранети 16 возила заради непоседување важечка сообраќајна дозвола, како и четири возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги закочи реформите во правосудството и го партизира со баџанаци и сопружници на нивни функционери

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа реформите во судството а со тоа и правдата во Македонија. Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
„За 2025 година беа предвидени вкупно 12 закони, од нив, во Собранието не е поднесен ниту еден.
Наместо реформи и независно судство, Мицкоски судството го претвори во партиска филијала, со судии кои се сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери.
Без вистински реформи во судството и независни институции нема правда. Затоа Мицкокси треба да молчи и да не го обвинува СДСМ за реформи кои самиот не ги прави.
СДСМ подаде рака, понуди помош за реофрмите, понуди заеднички групи, ВМРО-ДПМНЕ одби се. Тоа е јасен показател дека ниту имаат интерес ниту сакаат независно и ефикасно судство.
За крај им порачуваме да прекинат да глумат опозциција, за секоја своја неспособност крив им е СДСМ. Ова е веќе дегутантно и граѓаните се смеат на нивните оправдувања“, соопшти СДСМ.