Македонија
Изборот на органите во МРТ и АВМУ со просто мнозинство е ризичен, реагираат новинарските организации

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост го следат процесот за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, инициран од група пратеници на владејачкото мнозинство.
Во овој предлог се бара изборот на членови на Програмскиот совет во МРТ и во Советот на АВМУ во Собранието на РСМ да биде со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, наместо со двотретинско мнозинство, како што е тоа уредено со постоечката регулатива.
„Факт е дека поради принципот на двотретинското мнозинство и несогласувањата помеѓу владејачката коалиција и опозицијата, овој процес досега беше закочен во Собранието, но партиските разлики не треба да бидат искористени како изговор со кој би се нарушил ‘мерит-системот’ за избор на лицата во овие тела. Сепак, пред евентуално да се размислува за какви било промени во начинот на гласање, неопходно е Собранието да направи сериозен обид за избор на новите членови во советите преку постоечките закони, за да им се даде можност на демократските процеси да ги надминат блокадите кои беа видливи во минатиот парламентарен состав“, наведуваат од новинарските организации.
Дополнително, како што велат, загрижува фактот што овој Закон е предложен да биде усвоен по брза постапка, без никакво образложение во предлогот, со што не се остава простор за јавна дебата, ниту, пак, за транспарентност и вклученост на засегнатите страни во неговото носење.
Оттука додаваат дека начелото за двотретинско мнозинство при избор на членовите на управните тела во јавниот радиодифузен сервис и медиумскиот регулатор е важно бидејќи на тој начин се намалува ризикот од партиско-политичко влијание при изборот на членовите во овие тела од страна на пратениците. Евентуалната промена носи ризици и за идниот состав на советите, кои при секоја промена на власта можат да бидат лесно заменети. Тоа ќе го наруши принципот на независност на институциите од политиката, што беше основен мотив кога се гласаше сегашното законско решение.
За начелото за избор со двотретинско мнозинство, новинарските и медиумските организации се залагаа и во 2013 година кога се носеа медиумските закони, а за овој принцип се залагаа и експертите од Советот на Европа при изработката на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кој се регулира работата на МРТ и АВМУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шахпаска: Поддршка за ромската заедница преку вработувања и подигнување на свеста за образованието

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска се сретна со претставниците на Институтот за истражување и политики- Ромалитико кои преку анализи и истражувања креираат политики преточени во проекти со цел зајакнување на ромската популација во нашата држава.
Ромалитико го презентираше тригодишниот проект кој има за цел унапредување на положбата на Ромите, преку реализација на поголем број на активности. Во таа насока како такви беа посочени воспоставувањето на нови и зајакнување на функциите во постојните центри за развој (ЦЛД) предводени од заедницата во 20 општини низ целата држава, обезбедување услуги на ромската заедница преку Центар за повици, презентации и предавања од експерти од различни области (човекови права, здравство, образование, социјални услуги, работен однос, заштита на деца итн.) Потоа, воспоставување форуми за деловни клубови под покровителство на центрите на ЦЛД и формирање на работни групи на локално ниво за идентификување на главните проблеми со кои се соочува ромската заедница.
Шахпаска ја истакна важноста од вклучувањето на Ромите на пазарот на труд, преку информирање за активните мерки и политики на Агенцијата за вработување, потоа обезбедувањето на документи за лична идентификација, на што Министерството за труд и социјална политика активно работи, подигнувањето на јавната свест за вклучувањето на децата роми во предучилишно воспитување и образование и продолжување на образовниот процес. Таа истакна дека ова е еден од начините на реализација на концептот еднакво општество за сите, односно еднакви можности за сите граѓани.
Соговорниците се согласија дека од клучно значење за успешноста на проектот е дирекна комуникација со ромската популација во заедницата каде што живеат, на локално ниво, со цел воспоставување на дијалог меѓу граѓаните од ромска националност и институциите.
Македонија
636 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 636 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Македонија
Жените да се ослободат од работа за 8 Mарт за да присуствуваат на маршот, бара платформата за родова еднаквост

Платформата за родова еднаквост упатува барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски на празникот 8 Mарт од 14 до 17 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш под наслов „Држава што не постапува е држава што силува“.
Платформата за родова еднаквост секоја година на 8ми март организира марш со цел унапредување на состојбите со правата на жените. Оваа година маршот е посветен на потребата од поголема заштита на жртвите во случајот „Јавна соба“ и кривичен прогон на сторителите на сексуално насилство и сексуално вознемирување. Со маршот ќе побараат систематска и доследна заштита на жртвите во сите случаи на насилство врз жени и родово засновано насилство, преку унапредување на работата на клучните институции.
„Бидејќи родово заснованото насилство е проблем кој го засега целото општество, па оттука истото е одговорност на сите чинители, работодавачите треба да го поддржат овој марш со тоа што ќе овозможат жените да присуствуваат. На ваков начин работодавачите ќе се претстават како општетсвено одговорни чинители кои застануваат на страна на жените жртви на насилство“, велат од Платформата за родова еднаквост.
Насилството над жените ги засега и работните односи, од една страна, тоа се појавува и во работни средини, најчесто во форма на мобинг и вознемирување, за што работодавачите имаат обврска да преземат превентивни и заштитни мерки. Од друга страна, насилството над жените има негативно влијание на нивното здравје, работоспособност, посветеност на работата и кариерното унапредување создавајќи бариери за еднакво учество на пазарот на трудот.
Маршот ќе се одржи на 8 Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
„Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба и сите жртви на родово засновано насилство. Зад статистиките стојат женски лица. Маршираме за да ги потсетиме интитуциите МВР и Јавното обвинителство дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања.“ се вели во објавата на Маршот за 8 Март.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер