Македонија
Извршени контроли во 108 објекти во Охрид, Струга и Дојран, инспекторите утврдија неправилности кај 49
Даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршија повеќе контроли во туристичко – угостителските објекти во Охрид, Струга и Дојран. Контролите беа спроведени по Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП) во вкупно 108 објекти.
„Од извршените контроли, кај 49 даночни обврзници се утврдија неправилности кои се однесуваат на:
– прекршок согласно член 21-б од Законот за регистрирање на готовинските плаќања за неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра (член 2).
– прекршок согласно член 21 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не закупи и не регистрира резервна фискална апаратура (член 13);
– прекршок согласно член 21 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не води книга за дневни финансиски извештаи (член 11 став 4);
– прекршок согласно член 21-а од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не води итна сметковотствена книга за извршениот промет на добра, односно на услуга (член 12 став 2);
– прекршок согласно член 21 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку на видно место не поставил соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка (член 7);
– прекршок согласно член 21-а од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не ги чува и одржува во исправна состојба фискалните апарати (член 14 став 1);“, информираат од УЈП.
Од таму велат дека за сите констатирани прекршоци изречени се глоби кон даночните обврзници и одговорните лица.
Од УЈП додаваат дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно плаќањата ги вршат во готово (готовински плаќања), должни се да да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет односно услугата.
„Граѓаните кои се соочуваат со не издавање на фискална сметка или им се издава сметка која не ги содржи елементите на фискалната сметка ги повикуваме да пријавуваат на бесплатните телефонски линии на УЈП 198, или да поднесат претставка писмено во канцелариите на УЈП или на e-маил на [email protected] како и преку апликацијата МојДДВ.
Управата за јавни приходи редовно врши контроли над спроведувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Основ за постапување е самиот закон а контроли се вршат и по пристигнати пријави на линијата 198, пријави во писмена форма на инфо линијата , контроли координирано со други институции како и контроли согласно годишниот план на Управата за јавни приходи“, се наведува во соопштението на УЈП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

