Македонија
Инспекторите од утре ќе проверуваат дали поевтиниле макароните и млекото, казни и до 10.000 евра за непочитување на одлуката

Пазарната инспекција од утре на терен ќе врши контроли по маркетите за да види дали се спроведува одлуката за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи.
Контролите ќе се вршат над производите што ги опфаќаат одлуките за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, односно: тестенини неварени, неполнети, ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети), чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените што се применувале на 1 март 2023 година во трговијата на мало и се намалуваат 15 отсто.
Понатаму, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и од 3,5 %; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и јогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените што се применувале на 1 март 2023 година во трговијата на мало и се намалуваат 10 проценти.
Во случај да се утврди прекршување на одлуките, ќе следуваат казни од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.
Државниот пазарен инспекторат објави дека ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуките, но нема надлежност да постапува ниту, пак, да влијае врз формирање на цените во трговијата на големо и трговијата на мало.
Апелираат да се почитуваат одлуките, а исто така ги повикуваат граѓаните, доколку забележат неправилности, веднаш да пријават во Пазарниот инспекторат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.