Македонија
Институтот за физикална терапија работел без елаборат за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина спроведе координиран надзор во Институтот за физикална терапија и рехабилитација во Капиштец откога деновиве добил многубројни претставки за емисии во воздухот преку новата алатка за пријавување загадување.
Од Инспекторатот информираат дека било констатирано оти болницата работи без елаборат за животна средина, која е обврзана законски да го поседува, по што веднаш била задолжена да го изработи во најкус можен рок, а оџаците од котлите на мазут да се чистат редовно.
„Чистењето оџаци го подобрува согорувањето и го намалува загадувањето. За постапувањето со медицинскиот отпад немаше забелешки. Исто така, неопходно е да се спроведат мерења на емисиите во воздухот од страна на акредитирана лабораторија и да се подобри одржувањето на котелот, кој е во видливо лоша состојба. По обезбедување финансиски средства во најитен можен рок, треба да се напушти горењето мазут и да се премине на природен гас, да се вградат сончеви колектори и да се подобри енергетската ефикасност“, велат од Инспекторатот.
Државниот инспекторат за животна средина продолжува со надзори во јавните институции во координација со овластените општински инспектори. Оттука велат дека пријавите од граѓаните се корисни и добредојдени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерство за култура: Нема да навлегуваме во „математиките“ на партиите

Министерството нема да навлегува во „математиките“ на партиите. Културата обединува, а не пресметува, реагираат од Министерството на прес – конференцијата на коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците.
„Фактот дека лани е направен долг од 3 милиони евра, на штета на културните работници и уметниците, доволно говори за ланската математика која била правена во Министерството, а сега е предмет на финансиската полиција“, велат од таму.
Министерството за култура, пишува во реакцијата, останува доследно на ставот дека основни критериуми според кои работеа комисиите одлучувајќи по пријавите за Годишниот конкурс беа: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност во животот на граѓаните, поддршка на автори од различни етнички заедници, стимулирање на креативни млади творци, на ранливи и маргинализирани групи, како и реално вреднување на трудот за да се заштити достоинството на авторот.
„Нашата земја е мултикултурна, вредност која сите заедно мора да ја негуваме и почитуваме“, се наведува во реакцијата.
Македонија
Маричиќ: И Евростат потврди дека Законот за попис е во согласност со највисоките стандарди

Министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието кажа дека од Евростат потврдиле дека Законот за попис и методологијата по која ќе биде спроведен е по највисоките пропишани стандарди кои се воспоставени во сите развиени земји.
„По одговорот кој стигна од Евростат се поклопуваат сите сомнежи на опозицијата и за методологијата и за Законот за попис, како и за начинот на кој ќе се спроведе пописот. Ајде да се обединиме, да ја оставиме дневната политиката на страна и заедно да го спроведеме пописот. Ги повикувам сите политички партии и ги охрабрувам да го направат тоа. Пописот и е потребен пред сè на државата, на нас, на сите граѓани, а не на партиите. Вчера беше донесен и здравствениот протокол за изведување на пописот од страна на Комисијата за заразни болести, па оттука ќе бидат исполнети и сите здравствени протоколи за цел безбедно спроведување на пописот“, потенцираше Маричиќ.
Министерот пред пратениците кажа дека веќе следната недела почнува попишувањето на неколку групи граѓани меѓу кои и на дијаспората. Ќе се попишуваат од понеделник и припадниците на Армијата, лицата во Воспитно-поправни установи, затворите, дипломатите и нивните семејства во странство, како и бездомните лица.
Македонија
Заев донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19

Премиерот Зоран Заев донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние што се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција. Премиерот својот дел од Хесенската мировна награда, што ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во висина од 12.500 евра, ја донира во солидарниот фонд за справување со Ковид-19“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
Тој додава дека огромен број заедници, компании, но и индивидуалци се приклучиле преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза.
„Солидарноста е клучна во периодот што следува и нашето општество мора да функционира како едно“, напиша Филипче.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер