Македонија
Истражување: Македонија со умерен ризик за корупција
Северна Македонија првпат заедно со 14 земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) беше опфатена во програмата „Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана“ (Government Defence Integrity Index – GDI) на „Транспаренси интернешнл“. Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана обезбедува детаљна оценка на ризиците од корупција во институициите на националната одбрана со оценување на секоја држава во пет клучни области на ризик: финансиска, оперативна, персонал, политичка и јавни набавки.
РСМ е оценета со просечна оцена 62 (оцена C) – умерен ризик заедно со Босна и Херцеговина, Естонија, Грузија, Литванија и Полска. Оценувањето по главните области на ризик за корупција за РСМ е: политички ризик – C – 66 бода, финансиски ризик – C – 59 бода, ризик на персонал – B – 79 бода, ризик од работење – D – 38 бода и ризик на набавка – B – 68 бода.
Просечна оценка за регионот е 48/100, што означува висок ризик од корупција. Црна Гора е оценета со висок ризик со резултат 32, а Азербејџан има резултат 15, со што влегува во категоријата критичен ризик. Високиот степен на транспарентност ја прикажува Латвија како најдобра во регионот со резултат 67, што означува низок ризик од корупција, и Република Северна Македонија како втора рангирана во ЦИЕ со резултат 62, што означува умерен ризик од корупција. Авторитарните влади го имаат намалено парламентарниот надзор (Полска) и го ограничиле пристапот до информации (Унгарија), со што ја ограничиле клучната област за јавна дебата и надзор.
„За да се постигне подобар напредок и да се зајакне доброто владеење во областа на одбраната, ‘Транспаренси интернешнл – Македонија’ ја повикува Владата да ја почитуваат независноста на Собранието и институциите за надзор и да им ги обезбедат информациите и времето што им е потребно за да ја извршуваат својата надзорна улога, да се зголеми ефикасноста на законот за укажувачи и да се гарантира транспарентен и ефективен пристап до информации, како и поголема транспарентност во врска со информации во областа на националната безбедност“, изјави Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси интернешнл – Македонија“.
„Дозволете да го изразам моето задоволство што успеавме да се искачиме на високото второ место на листата од сите земји на централна и источна Европа, кои се опфатени во истражувањето. Пред нас е само Латвија. Зад нас се сите земји од нашиот регион. Успеавме да бидеме подобри од 4 земји, кои се веќе членки на ЕУ, и од 6 земји, кои се членки на НАТО од многу поодамна. Направивме силен пробив во транспарентноста и интегритетот во работењето. Покажавме дека можеме да обезбедиме европски вредности и стандарди дома“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

