Македонија
Исчезна момче од Битола

Роднини и пријатели започнаа потрага по Петар Дрогришки од Битола. На Фејсбук има апел за помош за негово пронаоѓање.
Станува збор за момче на возраст од 25 години кого го нема речиси 24 часа.
„Почитувани другарки и другари, ве молиме доколку некој го види или има видено Петар во последните 24 часа да нè контактира на броевите 075-888-779, 078-492-812, 075-497-528, 075-497-526“, се вели во апелот.
Петар последен пат бил облечен како на фотографијата доле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Објавен е оглас за ангажирање на 200 нови образовни асистенти за учениците со попреченост

„Владата предводена од СДСМ продолжува да вложува во грижата за лицата со попреченост. Објавен е јавен оглас за ангажирање на 200 образовни асистенти во 16 општини во државата, со што го зголемуваме бројот на асистенти во основното образование“ соопштија од СДСМ.
Од партијата велат дека „на овој начин, од учебната 2022/2023 година, ќе се зголеми опфатот на ученици со попреченост кои ќе добијат образовен асистент, а ќе се ангажираат и дополнителни 200 лица во образовниот систем“.
„Го подигнуваме степенот на инклузивност во воспитно – образовниот систем. Ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и не е на трошок за семејствата на учениците. Унапредување на инклузијата, еднакви можности на децата и лицата со попреченост се врвни приоритети на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ“ велат од владејачката партија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски скриен во глувчешка дупка молчи додека во Бугарија се спремаат нови услови и барања за Македонија

„На повидок нов дебакал на предавничката влада предводена од Димитар Ковачевски во дипломатијата. Повторно нови услови и нови документи од страна на Бугарија кон Македонија. Во текот на вчерашниот ден, новиот прв човек за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, најави нов документ за исполнување на задачи за Република Македонија“ соопштуваат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека „не беше доволно предавството кое го направија со прифаќањето на Протоколот и рамката за преговори во кои ги внесоа билатералните односи, сега ни се подготвува нов документ со нови услови и задачи кои треба да ги исполни државата“.
„Додека јавно првиот човек на бугарското МНР зборува за нови услови, Ковачевски, Османи и Маричиќ скриени во глувчешка дупка, молчат за она што се подготвува во Бугарија. Ковачевски, Османи и Маричиќ треба веднаш да одговорат што содржат овие нови документи, кои се новите барања и услови? Додека се обидуваа од петни жили да ја убедат македонската јавност дека со Протоколот се затвораат сите услови и барање од страна на Бугарија, за нецел месец, повторно добиваме нови услови и нови барања за исполнување“ се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Во земјава се активни два пожари, оној кај село Фурка синоќа е локализиран

Пожарот кај село Фурка е локализиран синоќа во 19.00 часот.
Останати се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, другите се повлечени, а според денешните информации, ќе се догасува, соопшти Центарот за управување со кризи.
Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана шума. Екипите се повлечени од терен.
По дојава, за пожар во местото од Куманово на кај Скопје по стар пат, конкретно кај с.Никуштак известени се: ТППЕ Куманово, лицето за контакт со Општина Липково и командирот на Полициска станица Матејче. Подетални информации од ЦУК најавуваат по пристигнување на екипите на терен.
Пожар има и кај с.Доброшинци, гори депонијата. Известена е ТППЕ Струмица за да преземат понатамошни мерки за гаснење на пожарот, наведуваат од ЦУК.
Од добиените податоци од дежурниот во ТППЕ Кичево во с. Другово, Кичевско, е запалена плевна, а е непотврдено дека е зафатена и една куќа.
Од 20.45 часот ТППЕ Кичево со две противпожарни возила и осум пожарникари е на интервенција на пожарот.