Контакт

Македонија

И Јанушев се откажа од патните трошоци

Објавено пред

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, објави дека нема да бара пари за патни трошоци како пратеник во македонското Собрание.

„Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да коментирам во однос на тоа од СДСМ – џабе откажување од патни трошоци кога ги покрадовте државата и народот!“, напиша Јанушев на „Фејсбук“.

Претходно денеска, од патните трошоци се откажаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров во работна посета на Берлин

Објавено пред

На покана на државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Берлин.

Ова е прва посета на претставник на Владата по нејзиното формирање, а воедно и прва за време на германското претседавање со Советот на ЕУ. Германија како актуелен претседавач со Унијата го води процесот на усогласување на Преговарачката рамка, клучниот документ согласно кој што ќе се водат преговорите.

Во рамки на посетата предвидени се средби и со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Меркел, Томас Багер, советник за надворешна политика на претседателот Штајнмаер, Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР и Сузане Шуц, директорка во министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, како и со други релевантни соговорници во контекст на германската поддршка за нашата европската иднина.

Главниот акцент при разговорите ќе биде ставен на реализација на веќе утврдената заедничка цел на Северна Македонија и Германија – одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава. Покрај размената на мислења за динамиката на усвојување на рамката, вицепремиерот Димитров ќе ги отовори и прашањата за регионалната соработка во контекст на Берлинскиот процес чиј иницијатор е токму Германија, како и можностите за унапредување на билатералната развојна соработка и трговските односи.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Алкалоид“ со донација за студентските и училишните домови во Скопје

Објавено пред

И покрај сите предизвици кои ги постави почетокот на новата учебна година, 1 октомври го означува стартот на едно ново поглавје во македонското образование. Покрај училиштата, со работа ќе започнат и студентските и училишните домови, кои како установи од јавен интерес обезбедуваат сместување за околу 12.000 студенти на територијата на градот Скопје. Заради капацитативната специфика во услови на пандемија, овие установи ќе имаат посебни протоколи за нивното функционирање што ќе подразбира високо ниво на хигиена и честа дезинфекција. За таа цел, „Алкалоид АД Скопје“ донираше производи од својата палета антисептички и дезинфекциски средства.

„Донацијата на средства за дезинфекција од компанијата ‘Алкалоид’ не само што ќе го заштити здравјето на учениците, студентите и вработените туку и ќе го олесни спроведувањето на протоколите. Се надевам дека истите ќе се сфатат сериозно и ќе се почитуваат бидејќи тоа е единствениот начин да ја надминеме оваа состојба и да ги заштитиме нашите најблиски“ – изјави Дарио Николовски, директор на „Државен студентски дом“ Скопје.

Околу предизвиците на отварањето на студентските и училишните домови во вонредни околности, Министерката за образование и наука, Мила Царовска нагласи:

„Навистина ми е драго што во вакви вонредни околности, односно во време кога се соочуваме со пандемија успеавме да најдеме начин да ги отвориме студентските и училишните домови и да обезбедиме сместување на студентите и учениците, коишто ќе ги следат предавањата и праксата со физичко присуство. Огромна благодарност до компанијата ‘Алкалоид’ којашто покажа вистинска општествена одговорност и донираше средства за дезинфекција и за одржување на хигиената во домовите. Во оваа прилика би сакала да ги повикам студентите и персоналот во домовите да ги почитуваат протоколите за заштита, бидејќи само така можеме да го спречиме ширењето на Ковид-19. Да се заштитиме самите себеси, но и нашите најблиски. Со почитувањето на мерките сите заедно допринесуваме за зачувување на јавното здравје“

1 октомври наместо 1 септември. Далечинско учење наместо конвенционална настава. Учебна година во која сите чинители во образовниот процес имаат една заедничка цел: спроведување на процесот на едукација и зачувување на здравјето на учениците и студентите преку почитување на предвидените здравствени мерки и протоколи.

„Оваа необична учебна година по многу нешта ќе се разликува од сите досегашни почетоци, но едукацијата е клучен фактор за развој на здраво општество и неминовно е дека ќе мора да се направи адаптација кон новото нормално, имајќи го предвид најважното: здравјето на студентите. Во таа насока, ние како компанија дадовме мал придонес кон адаптација на новите прилики во студентските и училишните домови донирајќи антисептици и средства за дезинфекција. На сите ученици и студенти, во оваа прилика би сакал да им посакам успешен почеток и добро здравје. Вие сте нашата иднина и треба да поставувате исклучителни примери кои треба да се следат. Почитувајте ги мерките за заштита и чувајте се!“, истакна генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид АД Скопје“.

Донацијата која „Алкалоид АД Скопје“ ја намени за студентските и училишните домови во Скопје се состои од 16.000 литри антисепички средства („MEDICAL®“ гел и „ЕCOSAL Forte® “ полиалкохолен раствор) и 17.100 литри готов раствор за чистење и дезинфекција „DEZINTAL® 0,2%“ во вкупен износ од близу 5 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадинов: По примерот со казната за Јанкулоска да завладее правдата во Северна Македонија

Објавено пред

Надлежните институции да ги расветлат сите случаи коишто се во тек и секако конечно по примерот и со Гордана Јанкуловска да завладее правдата и правото во Република Северна Македонија, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Тој од новинарите беше запрашан за коментар за почетокот од издржувањето на казната на екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за случајот “Тенк”, како и за очекувањата за завршницата на другите случаи кои своевремено ги отвори СЈО.

„Ние апелираме до сите надлежни иституции она што беше до нас како пратеници, како парламент да придонесеме во однос на реформите во правосудството со самото носење на Закон за ЈО, со сите идни реформи коишто ги планираме во однос на правосудството, апелираме до надлежните институции да ги расветлат сите случаи коишто се во тек и секако конечно по примерот и со Гордана Јанкуловска да завладее правдата и правото во Република Северна Македонија. Само на тој начин со бескомпромисна борба против криминалот, против корупцијата, со сериозна борба против криминалците особено против оние коишто 11 години ја тероризираа државата, ќе ја вратиме довербата на граѓаните и во правосудството. но најважно довербата на граѓаните во државата и во институциите“, рече Костадинов.

Во однос на обвинувањата на опозицијата дека станува збор за политички реваншизам и политички пресметки со неистомислениците, Костадинов вели дека политичарите не треба да се мешаат во одлуките на правосудните органи.

„Не очекувам ништо од опозициската ВМРО-ДПМНЕ којашто единствено нешто за коешто се грижи е спас за криминалот и криминалците што сеуште ги имаат , а тоа можевме да го видиме и со последните случувања и ангажирање на луѓе во Извршниот Комитет, не можам да очекувам од такви луѓе да застанат и да го поддржат правото и правдата. Од ВМРО-ДПМНЕ единствено нешто коешто го гледаме, а сведок е целата македонска јавност дека навистина единственото нешто за коешто се грижат првично е спас на фотељата на Христијан Мицкоски внатре во партијата и секако спас за криминалот и криминалците. Таа борба на ВМРО-ДПМНЕ во блокирање на владеењето на правната држава со сигурност можам да ве уверам дека ќе биде неуспешна“, додаде Костадинов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Царовска: Место да бојкотираат онлајн настава, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн наставата нема да донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука Мила Царовска....

Македонија49 минути

Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија1 час

Илјадници ученици и денес не можат да се приклучат за онлајн учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, националната платформа за онлајн учење и денес паѓа Илјадници ученици, наставници и родители и утрово...

Свет2 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на Твитер дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија2 часа

Средба Османи – Вархеји: Стартот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ3 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија3 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет4 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет5 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија5 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет5 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа5 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт14 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион16 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет18 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет18 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија19 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија20 часа

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија1 ден

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Досие