Македонија
Казни за 204 возачи во Скопје за еден ден
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 9 за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 3 санкции за користење мобилен телефон, две санкции за некористење сигурносен појас, три за минување на црвено светло и 76 за непрописно паркирани возила.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница
Поминаа повеќе од Голем број граѓани и компании останаа без своите заштеди и деловни средства, додека постапката што ја водат надлежните институции останува без јавно објавен епилог, реагираат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.
Истрагата, како што велат, отворена во февруари 2021 година, е насочена кон поранешни највисоки раководни лица на банката, односно членови на надзорните и управните структури и лица одговорни за кредитната политика и носењето на клучните финансиски одлуки.
„Според информациите што досега беа објавени во јавноста, предмет на истражување се сомнежи за незаконско и високо ризично кредитирање на компании, воспоставување систем на меѓусебни позајмици со цел прикривање на реалната изложеност, измама и злоупотреба на службена положба, како и елементи на перење пари и други финансиски малверзации поврзани со управувањето на банката во периодот пред нејзиниот колапс.
И покрај сериозноста на наводите и обемот на штетата, по повеќе од пет години нема поднесено обвинение ниту започната судска постапка. Овој застој отвора прашања за ефикасноста на институциите и за примената на принципот на еднаквост пред законот, особено кога станува збор за случаи со големи финансиски импликации и јавен интерес“.
Оштетените граѓани и компании, додаваат од здружението, имаат право на транспарентна и правична постапка, како и на јасен одговор дали и кога ќе се утврди кривична одговорност.
Според нив, владеењето на правото подразбира дека секое сериозно сомневање за криминал мора да биде процесуирано навремено и непристрасно, без оглед на позицијата на оние кои биле дел од раководните структури.
„Секој дополнителен ден без институционална одлука ја продлабочува перцепцијата дека постојат двојни стандарди во примената на законот. За да се врати довербата во системот, неопходни се транспарентност, отчетност и навремена правна разрешница“.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

