Македонија
Камионџиите што патуваат во ризичните земји да не контактираат со други лица и да спијат во кабините
Владата ги прифати препораките на Министерството за здравство за превозниците што патуваат во средно и високоризичните земји.
На лицата што патуваат во земјите со среден и висок ризик од Ковид-19, а кои управуваат тешки товарни моторни возила за превоз на прехранбени производи и друга стока, за време на нивниот транзитен превоз и престој, товар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:
– Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување храна и тоалет;
– Се забранува контакт со други лица;
– Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства, и тоа:
– ракавици за еднократна употреба,
– заштитни маски N 95 или FFР 3 со единечен филтер,
– нема потреба од носење заштитни мантили, како и заштитни очила и калоши.
Поради можноста од остварување директен респираторен контакт со заболени лица од Ковид-19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:
– Да спијат во кабините на своите моторни возила.
При враќање во земјата, да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба – центар за јавно здравје заради добивање натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симптоматологија.
За време на патувањето:
– По секој контакт во маркет, продавница и тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете;
– Максимално избегнување контакт со други лица повеќе од 10 до 15 секунди (особено со лица со симптоми);
– Почесто проветрување на кабината за време на возењето;
– При престојот во кабината нема потреба од носење лична заштитна опрема;
– Забрането е примање слепи патници;
– Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на рацете на база на алкохол за време на патувањето.
Се задолжува Здружението на лиценцираните автопревозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високоризични земји.
Како 16-та точка од денешната 20-та седница е утврдено да се задолжуваат Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи обрасците со изјавите за самоизолација да ги преведат и на албански јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

