Македонија
Канада го ратификува протоколот за членство на земјава во НАТО
Канада е најновата во низата земји што го ратификуваа протоколот за членство на земјава во НАТО.
„Денес, Канада со задоволство го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Се радуваме што во блиска иднина ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на алијансата“, се вели во објавата на твитер-профилот на канадското Министерство за надворешни работи.
Canada is pleased to ratify #NorthMacedonia accession to @NATO. As we celebrate 70 years of #NATO, we look forward to welcoming ?? as the Alliance’s 30th member in the near future. #WeAreNATO #Multilateralism #MultilateralismMatters pic.twitter.com/kio5n2ed2x
— Foreign Policy CAN (@CanadaFP) June 19, 2019
Со ова Канада сатна 18-та земја членка на Северноатлантскиот сојуз, која го ратификува протоколот кога пред десетина дена тоа го направија Германија и Естонија.
Во меѓувреме, во тек е постапката за ратификација и во Сенатот на САД, а се очекува ратификацијата на протоколот во Вашингтон да се случи до крајот на летово.
Со ратификацијата на протоколот од 29-те земји сојузници во алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане 30-та членка на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

