Македонија
Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата – „Ти си на ред“ и почнува утре во Градско, Битола и Пласница
Караванот на Државната изборна комисија е дел од кампањата „Ти си на ред“ и започнува утре со посета на Градско, Битола и Пласница, а ќе бидат опфатени преку 12 општини од територијата Република Северна Македонија.
Како дел од овогодинешната едукативна и информативна кампања, ДИК во општините кои ќе ги посети ќе дели едукативен материјал, со цел да ги претстави гласачките права на гласачите за претстојните Парламентарни и Претседателски избори и да ги едуцира и за двата изборни циклуси.
Караванот на ДИК започнува утре, а ќе се посетат следните градови и општини: – Струмица, Конче и Штип, Куманово и Старо Нагоричане, Скопје и Студеничани и Тетово и Теарце.
Државната изборна комисија, ја подготви оваа едукативна и информативна кампања – „ТИ СИ НА РЕД“ со цел да поттикне поголема излезност на овие избори и да упати апел кон сите гласачи, дека и на претстојните Претседателски и Парламентарни избори нивните лични гласачки права се загарантирани.
Од Државна изборна комисија апелираат до гласачите и да ги проверат нивните податоци во Избирачкиот список на следниот линк: https://www.izbirackispisok.gov.mk/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

