Македонија
Каракачанов: На ЕУ не ѝ е потребен нов проблем на Балканот
Бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов тврди дека македонската политичка елита генерирала голема омраза кон Бугарите. Во интервју за БНТ тој рече дека репресијата и притисокот врз Бугарите во Македонија се интензивирале, вклучително и од високи владини претставници.
„На пример, еден државен службеник повика Бугарите да бидат екстрадирани во Бугарија, друг повика, каде има Бугари во Република Северна Македонија да бидат тепани и плукани. Тие исто така си дозволија крајно арогантна и цинична изјава кон бугарската министерка Захариева“, рече Каракачанов.
Бугарскиот министер вели дека не гледа причина зошто претседателот на САД, Џо Бајден или некој друг би требало да поддржува таква политика.
Каракачанов смета на ЕУ не и е потребен нов проблем, каков што е Македонија.
„Во ЕУ има доволно проблеми. Нов проблем на Балканот, ако не се реши на нормален начин, не му е потребен никому, додаде Каракачанов.
Тој вчера најави и дека во следните месеци кога во Софија повторно ќе се отвори прашањето за влез на Македонија и Албанија во Унијата, ќе предложел двете земји да бидат одвоени, за Албанија да не биде закочена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

