Контакт

Македонија

Кацарска: Згрозена сум од изјавата на Лиле Стефанова

Објавено пред

Судијката Добрила Кацарска испрати писмо до Судскиот совет, во кое наведува дека по сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Рекет“ секојдневно се соочува со сè повеќе вербални напади од обвинети, нивните бранители како и од некои политичари. Таа вели дека во случајот „Рекет“ нејзиното име било злоупотребено со цел да се наруши нејзиниот интегритет, дигнитет и независност во постапувањето и дека е згрозена од изјавата на Стефанова дека таа ѝ вршела притисок. Судијката наведува дека нападите почнале откако почнала да ги суди предметите на СЈО.

dobivaj vesti na viber

„Во месец јануари 2018 година бев распоредена во одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје каде што сè уште ја извршувам судиската функција. Со започнувањето на судењата по добиените предмети, а пред сè откако започнав да ги судам предметите доставени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, секојдневно трпам вербални напади од обвинети, нивните бранители, како и од некои политичари, дури се оди и дотаму да судството се нарекува според моето презиме ‘кацарска-судство’. Посебно овие напади зачестија откако беа донесени пресуди за неколку актуелни предмети. Сиот овој изминат период стоечки, достоинствено ги трпев сите тие критики, напади, но кулминација на сè е она што се случи на ден 27.01.2020 година во судница 1 во Основниот кривичен суд Скопје. Имено, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, Лиле Стефанова, во својство на сведок во предметот со кодно име ‘Рекет’ во својот исказ меѓу останатото навела дека и се вршеле притисоци преку разни емисари, односно обвинители, судии, бизнисмени и политичари, а притоа го споменала моето име, наводно јас сум ѝ вршела притисок, но не лично нејзе, туку наводно сум ѝ пуштила некој колега обвинител, како што известија и сите присутни медиуми“, пишува Кацарска во писмото.

Таа наведува дека била згрозена од ваквата изјава и вели дека не е вистина дека вршела притисок врз Стефанова, ниту лично ниту преку нејзин колега.

„Бев згрозена од ваквата изјава, односно од нејзиното сведочење со оглед дека се работи за целосна невистина бидејќи во ниту еден момент не само што нејзе не сум ѝ се јавила, а најмалку, пак, сум ѝ вршела притисок, туку апсолутно неточно е дека сум ѝ пуштила некој нејзин колега обвинител. Која е причината за нејзиното вакво сведочење, коешто е недолично за еден јавен обвинител, тоа не би можела јас да го знам“, вели Кацарска.

Во делот на нејзините наводи дека јас сум „окапала“ во судот денот кога се одлучуваше за притворот на Јордан Камчев, додава Кацарска, истакнувам дека тоа беше работен ден, а јас секој работен ден од 8 часот сум на работа, а од месец јануари 2018 година до месец јули 2019  година бев секој ден на работа од раните утрински часови па до доцна во ноќта, без оглед дали се работело за работни денови, празник или викенд, со оглед дека и јавноста знае на кои предмети во тој период работев и кои пресуди се донесоа и пресудите беа изготвениво законски рок. За ова, вели Кацарска, може да посведочат вработените во судот, судската полиција и моите колеги судии, како и факт кој може да се утврди од безбедносните камери во судот.

„Со оглед дека секогаш ја зборувам вистината и ништо не кријам, јас јавно пред целата македонска јавност кажав дека фамилијата Камчеви се наши фамилијарни пријатели, но таа моја искреност не смее да се злоупотребува од  кого било, а посебно не од јавен обвинител бидејќи шетните последици од изнесување невистини доведуваат до нарушување на угледот на оној на кого се однесуваат, а имајќи предвид дека ја извршувам функцијата судија, се нарушува и угледот на судиската функција воопшто,  нешто што во никој случај не сакам и не смеам да го дозволам“, наведува Кацарска во писмото.

Таа бара од Судскиот совет да ги утврди сите факти и јавноста да ја дознае целата вистина.

„Имајќи предвид дека на ваков начин се нарушуваат мојот углед и достоинство, а воедно се нанесува и штета на функцијата судија, барам од вас како надлежен орган да ги утврдите сите факти и да ги прибавите сите докази за утврдување на фактичката состојба со цел јавноста да ја дознае  вистината“, пишува Кацарска во писмото.

Македонија

Филипче: Мицкоски е скапо платен спроведувач на интересите на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија

Објавено пред

Од

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава заложник на туѓи интереси, кажа претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.

„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.

Тој обвини дека Мицкоски со новите задолжувања направил вистинско предавство на интересите на државата.

„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.

Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче рече дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Објавено пред

Од

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање рече дека кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон.

dobivaj vesti na viber

„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.

Оценувајќи ги меѓупартиските релации, тој во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

Објавено пред

Од

Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок, најави премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.

dobivaj vesti na viber

„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба , туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.

Тој истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.

„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија9 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија9 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија10 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија13 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија14 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ15 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ17 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион19 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа19 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа20 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет20 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет21 час

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет21 час

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет21 час

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија1 ден

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија1 ден

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија2 дена

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...