Македонија
Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна што на 26 октомври годинава беа пронајдени кај стадионот „Под Тумбе Кафе“ во Битола.
ДЗС информира дека нејзините пиротехничари се постојано на терен и оти до денеска од полското складиште се извадени 4.000 парчиња артилериски гранати 76 мм, а оти се очекува до завршувањето да се извадат околу 10.000 гранати што се со минимална тежина од 70 тони.
Овие 4.000 артилериски гранати што се извадени од под Тумбе Кафе се неиспукани и без запалки и не претставуваат опасност за транспорт, навдуваат од ДСЗ.
„Бидејќи се работи за огромна количина на неексплодирани убојни средства за истите уништувањето ќе почне во текот на месец декември и ќе продолжи до завршувањето на уништување на истите. При отстранувањето дополнително се пронаоѓаат се поголем број на неексплодирани убојни средства, за да се исчисти теренот ќе се работи и под земјениот пат кој минува зад стадионот во Битола, истиот ќе се затвори за да се продолжи со работа и поради безбедноста на населението“, се наведува во информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување.
Според планот на спроведување на активноста за отстранување на гранатите ДСЗ има Стандардни оперативни процедури за заштита на неексплодирани убојни и други експлозивни средства, што опфаќаат: Мерки за безбедност на лицата вклучени во процесот на активноста на отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС); Лична заштита опрема за секој пиротехничар согласно Стандардна оперативна процедура (СОП) за НУС; Одговорното лице на терен за сите активности има должност за планирање и координација за работата на пиротехничарите, соработката со претставниците од единиците на локалната самоуправа – општината, градоначалникот, Армијата, полицијата, болниците и другите соодветни организации.
ДСЗ врз основа на укажаната потреба доставила барање до Министерството за одбрана и за вклучување на пиротехничари на Армијата поради обемноста на активностите за транспорт и уништување на гранатите, а се информирани и меѓународните претставници од ОБСЕ, НАТО и ЕУ во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пролетен неделен ден во зима со температури до 16 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура се очекува да се спушти до 0, а максималната да достигне до 15 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

